Диети

Диета “Големиот доручек”

Клучен фактор за слабеењето не е само вкупниот број на калории, туку и времето кога ги внесувате. Доколку се придржувате на правилата на оваа диета, можете лесно да ослабете и никогаш повеќе да не ги вратите килограмите.

Доручекот е најважниот оброк во текот на денот бидејќи ја обезбедува потребната енергија за остатокот од денот, па предводничката на диетата “Големиот доручек” Даниела Јакубовиќ буквално се залага за реализација на изреката: ” Доручкувај како крал, јади како принц, а вечерај како сиромав”.

Во својата книга Јакубович тврди дека доручекот од 600-950 калории пред девет часот наутро, делува како сојузник на метаболизмот и драстично го поттикнува слабеењето, прави хормонален баланс и ги согорува масните наслаги.

Доручекот е важно да го јадете 15 минути по станувањето. Дури и оние кои не чувствуваат глад наутро, по две недели кје се прилагодат и ќе бидат гладни.

Што можете да јадете

Секој ден започнува со обилен доручек, со времетраење од 30-тина минути.

Доручекот може да се состои од 3 белки, 50 гр. сирење, 50 гр. шунка, зеленчук, половина мафин со сирење, овесни снегулки со 200 мл. млеко, смути од јагода и чоколаден колач.

Од ден во ден доручекот треба да се состои од 7 порции протеини, помеѓу кои се 2 порции млечни производи, 2 порции јагленохидрати, 2 порции масти и 1 порција десерт.

Ручекот се состои од 3 порции протеини, 3 порции нискокалоричен зеленчук, 2 порции зеленчук со скроб и 1 порција овошје.

Вечерата се состои од 3 порции протеини, 2 порции зеленчук со скроб и 2 порции овошје.

Со лесно!

error: