Диети

Датуми за започнување на Месечева диета во 2018

Меѓу народот постојат разни теории за тоа како Месечината влијае врз нас. Често се прават и истражувања за влијанието на месечината врз нашето однесување. Се појавила и теорија дека фазата на Месечината влијае и на нашата телесна тежина.

Што претставува месечевата диета?

Оваа популарна диета дава одлични резултати, и луѓето кои ја применувале тврдат дека не ги вратиле килограмите. Месечевата диета е всушност консумирање само течности во периодот кога Месечината навлегува во нова фаза. Месечината има четири фази:

  • Млада – кога не се гледа на небото
  • Прва четвртина – околу 6 дена по младата месечина
  • Полна месечина – кога на небото се гледа како полн круг
  • Последна четвртина

Ваше е да си изберете еден ден месечно, по можност за време на младата Месечина. Некои луѓе ја применуваат оваа диета за време на сите четири фази, односно четири пати по 24 часа. Месечевата диета е од голема помош за организмот при ослободувањето од токсините и борбата против болестите. Доколку немате никакви здравствени проблеми, оваа диета нема да ви наштети. Но, сепак, се препорачува консултација со лекар пред било какво започнување.

Оваа диета е течна диета. Започнете ја кога Месечината навлегува во некоја од фазите, кои можете да ги погледнете подолу, и завршете ја по точно 24 часа. Во текот на тие 24 часа треба да испиете од 2 до 4 литри течност, а препорачливо е тоа да биде вода. Исто така, можете да конзумирате и чаеви без шеќер. Доколку се чувствувате гладни, направете си домашен сок од овошје или заленчук без зачини. Купените сокови се полни со шеќери, па затоа гледајте да ги избегнувате. Забранет е алкохолот, исто како и млекото.
Месечевата диета го чисти нашето тело од токсини и вишок течности. За време на оваа диета се губат од 1 до 3 килограми. Ако ја практикувате оваа диета еднаш во месецот, бидете внимателни што внесувате во вашиот организам во останатиот дел од месецот. Кога расте Месечината, внесувајте помалку храна, а кога таа опаѓа слободно можете да си дозволите повеќе храна.

Табела со месечевите фази за 2018:

Јануари

  • 2 јануари, 03:24 – полна месечина
  • 8 јануари, 23:25 – последна четвртина
  • 17 јануари, 03:17 – млада месечина
  • 24 јануари, 23:20 – прва четвртина
  • 31 јануари, 14:26 – полна месечина

Февруари

  • 7 февруари, 16:53 – последна четвртина
  • 15 февруари, 22:05 – млада месечина
  • 23 февруари, 09:09 – прва четвртина

Март

  • 2 март, 01:51 – полна месечина
  • 9 март, 12:19 – последна четвртина
  • 17 март, 14:11 – млада месечина
  • 24 март, 16:35 – прва четвртина
  • 31 март, 14:36 – полна месечина

Април

  • 8 април, 09:17 – последна четвртина
  • 16 април, 03:57 – млада месечина
  • 22 април, 23:45 – прва четвртина
  • 30 април, 02:58 – полна месечина

Мај

  • 8 мај, 04:08 – последна четвртина
  • 15 мај, 13:47 – млада месечина
  • 22 мај, 05:49 – прва четвртина
  • 29 мај, 16:19 – полна месечина

Јуни

  • 6 јуни, 20:31 – последна четвртина
  • 13 јуни, 21:43 – млада месечина
  • 20 јуни, 12:50 – прва четвртина
  • 28 јуни, 06:53 – полна месечина

Јули

  • 6 јули, 09:50 – последна четвртина
  • 13 јули, 04:47 – млада месечина
  • 19 јули, 21:52 – прва четвртина
  • 27 јули, 22:20 – полна месечина

Август

  • 4 август, 20:17 – последна четвртина
  • 11 август, 11:57 – млада месечина
  • 18 август, 09:48 – прва четвртина
  • 26 август, 13:56 – полна месечина

Септември

  • 3 септември, 04:37 – последна четвртина
  • 9 септември, 20:01 – млада месечина
  • 17 септември, 01:14 – прва четвртина
  • 25 септември, 04:52 – полна месечина

Октомври

  • 2 октомври, 11:45 – последна четвртина
  • 9 октомври, 05:46 – млада месечина
  • 16 октомври, 20:01 – прва четвртина
  • 24 октомври, 18:45 – полна месечина
  • 31 октомври, 17:40 – последна четвртина

Ноември

  • 7 ноември, 17:01 – млада месечина
  • 15 ноември, 15:54 – прва четвртина
  • 23 ноември, 06:39 – полна месечина
  • 30 ноември, 01:18 – последна четвртина

Декември

  • 7 декември, 08:20 – млада месечина
  • 15 декември, 12:49 – прва четвртина
  • 22 декември, 18:48 – полна месечина
  • 29 декември, 10:34 – последна четвртина

 

 

Н.Н.

error: