ДиетиИсхрана

Дали оброкот во вечерните часови e лош за губење на тежината?

Веројатно сте слушнале дека не треба да се јаде по 19 часот или по 18 часот, понекогаш и по 17 часот.

Сте слушнале дека тоа е лошо за вашиот процес на губење на несаканите килограми, или дека тоа ќе ви донесе само нови килограми; како храната што ја јадете по одредено време веднаш се конвертира во масти.

Веруваме дека се прашувате дали сето тоа е вистина!?

Телото не знае колку е часот и не се грижи за тоа.

Внесените 500 калории во 10 часот наутро се исти како оние во 10 часот навечер.

Зошто е тоа така? Затоа што само важна е дневна доза на калории.

Постојат одреден број на калории потребни за секое лице во текот на денот за еден човек да успее во својот план во однос на телесната тежина (да ја намали, зголеми или да ја задржи истата).

Значи, ако сте пресметале дека ви се потребни 2.000 калории на ден, можете да ги внесете кога сакате.

Како што рековме времето на оброкот не е важно ако се грижите за бројот на калории. Проблемот кај некои луѓе е дека во доцните ноќни саати претеруваат со грицки. Ако овие грицки се вклопуваат во одреден број на калории, тоа е повторно во ред. Но, ако доцниот оброк ве натера да јадете повеќе отколку што треба, тогаш тоа е проблем.

Ако знаете дека сте неодговорни во смисол за јадење, тогаш треба да размислите за укинување на вечерниот оброк, затоа што времето ви влијае на брзо добивање килограми, отколку што веројатно имате тенденција за прејадување во текот на денот.

Значи оброкот доцна во ноќта, не е проблем. Прејадувањето е проблем. Ако доцниот оброк води до прејадување, тогаш тоа треба да го избегнувате.

Ако немате проблеми со него, тогаш не се грижете и јадете во кое било време од денот, се додека се држите до проценетиот број на калории.

 

 

Н.Н.

error: