Исхрана

Црвена леќа: Протеинска бомба која лечи анемија и ги топи мастите

Црвената леќа е помалку позната, но исклучително корисна намирница, која соджи неверојатни 26 гр. протеини на 100 гр. намирници, што ја прави вистинско протеинско богатство.

Леќата содржи квалитетни сложени јаглени хидрати (60гр. на 100 гр.) и неверојатни 30 гр. влакна, кои делумно се растворливи и го смалуваат холестеролот, а дел се нерастворливи, го помагаат варењето и ги успоруваат брзите јаглени хидрати, што доведува до слабеење.

Оваа намирница има исклучително низок гликемиски индекс од само 29, што е одлично, а содржи само 1 гр. масти (добри масти), омега- 3 и омега-6 масни киселини.

Таа е богата со железо и е препорачлива за жени кои се занимаваат со спорт поради тенденцијата за појава на анемија. Изобилува со магнезиум и молибден, а од витамини е исклучително богата со фолна киселина.

По својот состав, таа е поквалитетна од другите житарки и се подготвува мошне лесно и едноставно. Кратко се вари (околу 15 минути) и брзо се распаѓа, па доколку сакате оброк во облик на пире, црвената леќа е прав избор.

error: