Исхрана

Црна лимонада: моќен пијалок со силно прочистително дејство

Во свет преполн со токсини кои предизвикуваат сериозни здравствени заболувања, потрагата за совршен прочистителен производ ескалира од ден во ден се повеќе.

Придобивките од соодветна детоксификација се бесконечни. За таа цел, ви предлагаме да ги погледнете овие совети, кои можат да ви помогнат во борбата за здрав живот.

• Веднаш штом ќе се разбудите, на гладно срце напијте се една чаша млака вода со лимон.
• Јадете органски производи и пијте свежи природно цедени сокови.
• Избегнувајте употреба на млечни производи, масти, рафиниран шеќер и брза храна.
• Користете хималајска сол во исхраната
• Хидрирајте се
• Ограничете го внесот на кофеин во организмот

Стресот, несоодветните диети и многу други општествени фактори можат да влијаат негативно на телото, полнејќи го со различни видови на токсини и оптоварувајќи ги виталните органи .

За да се избегне сето тоа, ви нудиме едноставен третман на детоксификација на телото, познат како црна лимонада. По само две недели од конзумирање на овој пијалок, ќе заборавите на чувството на надуеност и ќе почувствувате неверојатни промени : сјајна кожа, леснотија и зголемена телесна енегија.

Рецепт за црна лимонада

Состојките кои ви се потребни за подготовка на овој пијалок се:

• 4 шолји превриена вода
• 1/3 шолја свежо исцеден лимонов сок
• ¼ шолја јаворов сируп
• 3-4 таблети активен јаглен
• Прстофат хималајска сол

Начин на подготовка:

• Во стаклен сад истурете го лимоновиот сок
• Истолчете ги таблетите јаглен и додајте ги во садот со лимонов сок
• Додадете ги останатите состојки и мешајте додека не се соединат
• Пијте го на гладен стомак два пати дневно и тоа 1 час пред доручек и вечера
• Чувајте го во фрижидер, но не повеќе од 5 дена

Не заборавајте да го пиете пијалокот на празен стомак. Исто така, пред да почнете да кревате паника, имајте на ум дека црната лимонада може да доведе до промена на бојата на столицата.

error: