Исхрана

8 добри причини зошто да консумирате мед

Секојдневното консумирање на ова слатко чудо ќе ви го подобри расположението, ќе ја направи вашата кожа помека и поубава, а организмот посилен. Сe што ви е потребно е само една лажичка мед дневно.

Чиста кожа

Медот е одличен антиоксиданс, што значи дека со негово редовно консумирање ќе го исчистите телото од разни токсини. Исто така, неговите антибактериски својства ќе ја подобрат состојбата на вашата кожа.

Слабеење

Доколку внимавате на својата тежина, секој доктор би ви препорачал да не консумирате никакви шеќери, освен медот. Тоа е така, затоа што шеќерот во медот има поинаков состав од другите видови на засладувачи. Медот го забрзува метаболизмот и на тој начин го поттикнува слабеењето.

Го снемува лошиот холестерол

Медот воопшто не содржи холестерол. Неговите составни компоненти и витамини придонесуваат за смалување на нивото на холестерол. Со секојдневното консумирање на медот, се зголемува нивото на антиоксидансите во телото кои пак, помагаат за смалување на нивото на холестеролот.

Здраво срце

Антиоксидансите содржани во медот, можат да го спречат стеснувањето на крвните садови кое може да доведе до застој на срцето, дезориентација и главоболки. Една чаша вода со неколку лажички мед дневно, може да помогне во подобрувањето на оваа состојба.

Подобро помнење

Медот е богат со калциум и делотворно делува на мозокот така што, помага да се ослободите од стресот, да го зајакнете имунитетот и да го подобрите помнењето.

Мирен сон

Нивото на инсулин во крвта го ослободува серотононинот, кој се претвора во мелатонин, хормон кој е заслужен за квалитетен сон.

Здраво варење

Медот е силен антисептик, па се препорачува да се зема на празен желудник и тоа по една лажичка на ден. Овој едноставен ритуал, помага да се спречат сите болести поврзани со дигестивниот тракт. Покрај тоа, додека минува низ желудникот, медот ги уништува сите бактерии и ги лечи сите помали рани во слузницата.

Лекува напнатост

Овој еликсир помага за смирување на нервите и го отстранува уморот. Глукозата во медот е неопходна за работата на невроните, брзо се апсорбира во крвта, а тоа резултира со опуштање и ублажување на психолошките пореметувања.

error: