Исхрана

10 начини природно и здраво да ја намалите вашата килажа

Поголемиот дел од луѓето денес постојано се борат со вишокот килограми, па сите оние луѓе кои ги немаат тие неколку екстра килограми поради генетски предиспозиции и побрз метаболизам, важат за вистински среќници бидејќи удобниот модерен живот не им оставил толку големи траги на телото.

Проблемот со “сечење” на тие неколку екстра килограми, особено е присутен пред летната сезона, кога најголем број на луѓето започнуваат со различни диети.

Сепак, додека диетите доаѓаат и си одат а килограмите обично остануваат исти на крајот, постојат неколку начини кои сигурно и здраво водат до целта.

1. Вода со лимон

Многу популарна метода со која на телото му се обезбедуваат хранливи материи и го стимулира варењето на храната.

Лимонот треба добро да го измиете, да го исечете на кришки и да го накиснете во вода и оваа вода треба да ја пиете 20 до 30 минути пред секој оброк.

2. Вода со јаболков оцет

Јаболковиот оцет содржи ацетатна киселина, која го спречува таложењето на масти во телото и има способност да го помога процесот на преземање на хранливи материи од здрава храна и се бори против инфекции.

Пиење чаша вода со 10 капки од овој оцет со 1 лажица мед за подобар вкус, доколку го пиете секое утро подолго време на многу здрав начин ќе ве донесе до намалување на килажата.

3. Зелен чај

Познат како еден од најсилните антиоксиданти, зелениот чај е омилен пијалок на нутриционистите и на сите фитнес професионалци.

Освен тоа е силен диуретик и помага при исфрлање на поткожната вода и така води до подобра телесна форма.

4. Зголемен внес на вода

Две чаши вода најмалку половина час или 15 минути пред оброк, е мала тајна што води кон видлив напредок.

Водата не само што на тој начин хидрира туку и овозможува подобро функционирање на телото, и исто така го намалува апетитот и гарантира дека на секој оброк ќе јадете многу помалку храна.

5. Зголемен внес на влакна

Храната богата со растителни влакна се препорачува затоа што го олеснува функционирањето на органите за варење, а со тоа долго време одржува чувство на ситост, па намирниците богати со растителни влакна се идеални како ‘рбетот на храната за време на фазата на слабеење.

6. Квалитетен сон

Недостатокот на сон е во директна врска со зголемување на нивото на хормонот на стресот а хормонот на стресот е повторно директно поврзан со таложење на масни наслаги.

Затоа за да се прекине овој затворен круг, што резултира со зголемување на телесната тежина, важно е да се изборите или да се држите подалеку од извори на стрес и пред се да ги регулирате навиките за спиење.

7. Избор на поздрави намирници како оброци

Со самото тоа треба да се посвети поголемо внимание на убав избор на храна според составот (протеини, јаглени хидрати, масти), и да ги почитувате правилата на сложени јаглехидрати со цело семе кои секогаш се подобра опција отколку едноставните и незаситените масти. Со тоа не само што телото станува поздраво, туку и многу брзо доаѓа до идеалната форма.

8. Помалку обилни но почести оброци

Прескокнување или мал број оброци води до успорување на метаболизмот.

Кога на сето ова се додава нормала појава во вид на жестока глад, станува јасно дека на бавниот метаболизам, големи количини на храна не може да дејствуваат поинаку од таложење на оваа храна како масти “за подоцна”.

Поради тоа е важно да го забрзате метаболизмот а тоа се постигнува со почести но помали оброци.

9. Елиминирање на преработена храна од исхраната

Преработена храна, од сокови па до солена храна богата со шеќери, транс масни киселини, конзерванси, вештачки засладувачи и сите други негативни елементи кои не само што ја расипуваат телесната форма и водат до зголемување на телесната тежина, тие исто така на сигурен начин водат кон најсериозните болести кои ги познава медицината.

10. Редовни активности / вежбање

Научно е докажано дека генерално гледано, личностите кои вежбаат се поздрави од оние кои се со зголемена тежина и неактивни.

Неактивноста е главен убиец на човечкото тело и главен предизвикувач на кардиоваскуларни болести, шеќер и слично.

Затоа поченете со вежбање, пливање, трчање, аеробик, пилатес или барем пешачење, не само поради килажата туку и поради вашето здравје.

 

 

Н.Н.

error: