Исхрана

10 алкални продукти кои превенираат прекумерна тежина, рак и срцеви заболувања

Дали знаевте дека постојат продукти, што може да се консумираат колку и да сакате без да се загрижувате за вашата телесна тежина?

Овие продукти се богати со влакна и нутриенти кој ќе ви помогнат да се чувствувате сито без потребните калории.

Ви претставуваме 10 од нив кои може да ги консумирате секојдневно:

1.Зелена салата

Еден лист од марула има само 3 калориии и таа е секогаш број еден за добра ужинка.

2.Брокула, зелка, карфиол

Слободно може да се користат секојдневно како салата или додаток на супи, чорби.

3.Јајца

Можете да ги јадете секојдневно до 2 варени јајца за доручек

4.Јаболка и сливи

100гр јаболка содржат 50 калории , а 100гр сливи само 45 калории. Сливите се добри за здрав кардиоваскуларен систем бидејки се богати со калиум и витамин Ц.

5.Краставица

Краставиците се 90% вода  и се најпогодни за диетална исхрана, ги намалуваат отоците на телото.

6.Портокал,мандарина и цитрон.

Цитрусните овошја ја промовираат дигестијата, црнодробната функција и содржат голема количина на влакна, флавоноиди и витамин ц.

7.Пченка

Средно наполнета чинија со варена пченка содржи само 31 калорија, доколку не додадете шеќер или путер може да јадете колку и да сакате.

8.Целер

Целерот претсавува добар диуретик и многу е користлив во губењето на тежина,бидејки содржи 95%вода.

9.Банана

Доколку сакате да изгубите килограми во своето диетско мени внесете ја бананата. Ова овошје прави баланс на шеќерот во крвта го заштитува срцето и ја забрзува дигестијата. Содржи калиум, манган, магнезиум и Б витамини.

10.Лубеница

Лубеницата ќе го исчисти организмот од токсини и истовремено ќе го рехидрира. Тоа ја прави супер алкален продукт со пх вредност 8,5.

 

 

Д.К.

error: