Астро

Во комбинација со БИК се 100% страст: Хороскопски знак кој е најмистериозен

Често се крие зад маската шегобиец, успешен во работите кои бараат динамика – маркетинг, професионален возач, промотер, многу е љубоморен, импулсивен и одмаздољубив. Во комбинација со Бик се 100 процентна страст.

Станува збор за Скорпијата.

Со нив знаете на што сте, или мислите дека знаете. Кога е најслатки не ги откриваат своите мисли, а во нападите на бес, ако фрлаат работи, а често го прават тоа иако се држат до самоконтролата, не сте сигурни дека покажале што чувствуваат.

Моќта првенствено над себе, а потоа и над другите е нивното мото. Тие се подобри команданти од Овните и Лавовите, бидејќи добро ја познаваат човечката психа, нивната мотивација не е истакнување на себеси туку контрола на ситуацијата за општо добро, без оглед на тоа дали се работи за работата или семејството. Имаат достоинствен став и се подготвени да се жртвуваат за другите ако се изразено мотивирани.

Љубов

Знаат точно што сакаат и главно тоа го добиваат. Тоа се оние жени кои се паметат, кои оставаат длабока трага во сечиј живот. И ако се нежни русокоси или страствени црнки, тие се секогаш доминантни – го полудуваат партнерот така да не може да биде без нив. Ако некој мисли да ги изневери, следи одмазда, бидејќи жената Скорпија не простува. Може да страда, но тоа никогаш нема да го покаже, долго се сеќава на поранешните љубовници, но е бори да расчисти со минатото. Партнерот на жената Скорпија е секогаш послаб од неа и кога е со подобра имотна состојба и попознат. И таа има начини тоа да му го даде до знаење. Дека без неа не може.

error: