Астро

Во ЈУНИ Бикот ќе има проблеми во врската, Вагата ќе го запознае идеалниот партнер

Овен
Овој месец ќе чувствувате многу страст. Без оглед на тоа дали сте во врска или не, ќе си поминувате како никогаш досега, а сексуалната енергија особено ќе биде нагласена.
Искористите ја наклонетоста на ѕвездите во ваша поза. Ако сте во долга и сериозна врска – нешто ќе се случи, или ќе раскинете или ќе се решите да ја однесете врската на повисоко, посериозно ниво.

Бик
Јуни носи турбулентни денови кога станува збор за љубовта. Ако сте сингл, тоа ќе се промени единствено ако вие тоа го сакате. Моменталните прилики не ви се допаѓаат премногу.
Доколку сте во врска, овој месец носи проблеми со вашата блиска личност. Некои работи ќе излезат на виделина и нема да знаете како да се носите со тоа. Не очајувајте, ова е само моментален стрес кој брзо ќе помине.

Близнаци
Овој месец вашата врска ќе биде на проба. Проблемите кои ќе се појават ќе направат да се запрашате дали навистина сте среќни во врската и дали е тоа што го сакате.
Затоа, преиспитајте се себеси и своите очекувања. Силните врски ќе опстанат, додека пак оние слабите – ќе пукнат. Немојте да се брзате за врска или брак, само за да не бидете сами. Слушајте ги своите чувства, желби и потреби. Вие најдобро знаете.

Рак
Кога станува збор за вашиот љубовен статус, јуни е месец на убава комуникација. Затоа, ако сакате нешто, искомуницирајте добро. Ако се случи некаков проблем, не очајувајте веднаш, туку зборувајте. Ништо не е толку страшно колку што изгледа.
Освен тоа, овој месец морате да имате на ум, колку и да ве сака некој , тој ќе направи обид да биде со вас, нели? Затоа, бидете отворени и комуникативни.

Останатите знаци погледнете ги на наредната страница подолу

error: