Астро

Викендов ќе биде мошне тежок за 4 хороскопски знаци

Овен (21.03 – 20.04)

Случувањата на работа се поврзани за околностите кои ќе се менуваат, а вие на тоа ќе немате многу влијание. Совет е да се прилагодите што побрзо на настаните. Во љубовта ви недостасува некоја личност од минатото.

Бик (21.04 – 21.05)

Можно е да сте донеле една брзоплета одлука и сега ќе морате да се соочите со последиците од тоа. Имате впечаток дека партнерот е преокупиран со други настани наместо со вас, не реагирајте премногу бурно, дури и тоа да е вистина.

Вага (23.09 – 22.10)

Некој голем проблем ви прави нервоза и ви создава нетрпение. Не можете ништо да направите, не зависи се од вас. Во љубовта ќе се појават некакви недоразбирања кои можат да ве доведат до посериозни кавги, дури и до одалечување од партнерот.

Водолија (21.01 – 19.02)

Добро размислете за се, нема потреба да донесувате заклучок врз основа на првиот впечаток. Членовите на вашето семејство немаат баш најдобро мислење за вашиот партнер. Не го занемарувајте тоа.

error: