Астро

Три хороскопски знаци ги чека одличен викенд

Лав 
Добро е аспектирано астролошкото поле на вашата личност и вие правите многубројни планови како деловни така и приватни. Можна е некаква вест од странство. Сметајте на некој Бик, Рак или Јарец бидејќи само тие можат да ви бидат десна рака во работата. Викендот е одличен за излегување и средби на јавни места.

Девица 
Викендот е одлично време да направите генералка во својот емотивен живот. Партнерските односи кои до сега ве оптоваруваа ќе морате да ги средите доколку сакате да имате мир во душата. Разговорот со партнерот ќе ви донесе одговор на многу прашања што ги вртите низ главата.

Водолија 
Викендов е можен помал финансиски прилив којшто ќе ви амортизира дел од трошоците. Доколку сакате ситуацијата да остане под ваша контрола, оградете се од семејството и нивните потреби. Партнерот помалку почнува да се оддалечува од вас и се повеќе да и се посветува на работата. Од вас зависи дали ќе му се придружите или ќе почнете да приговарате.

 

error: