Астро

СРЕЌНА СРЕДА: Четири хороскопски знаци утре ќе имаат одличен ден

Овен
Ви се отвораат нови можности за подобра работа или пак поголема заработака, но секако дека ќе морате да бидете во центарот на настаните и да внимавате со кого вклопувате договори. Во емотивните врски односите полека но сигурно се средуваат, а во семејството ве очкуваат новини кои многу ќе ве израдуваат. Слободните претставници да се подготват за нова љубов. Здравје: просечно внимавајте на исхраната.

Лав
Убаво ќе се забавувате и покрај тоа што некои личности ќе се обидат тоа да ви го расипат. Ќе бидете духовити и рамнодушни што се однесува до нив едноставно омаловажете ги. Ве очекува љубовна средба која долго ја планиравте, и после која треба да донесете некои важни одлуки. Бидете потрезвени размислете добро, внимавајте да не избрзате. Очекувајте пари, особено ако имате некој во странство. Здравје: добро.

Девица
Се ќе биде добро ако денес никој не ви се спротивстави или ја критикува вашата работа. Ќе се чуствувате супериорно во решавањето на интелектуалните проблеми, а во таа еуфорија внимавајте некого да не навредите. Понекогаш знаете нешто непромислено да кажете. Во емотивната врска ве очекуваат мали расправии за некои стандардни проблеми. Здравје: посететте го вашиот лекар и побарајте совет.

Вага
Препреките кои ги имавте на работното место успешно ќе ги преминете, а оптимизмот значително ќе ви порасне. Некоои Ваги охрабрени од ваквата ситуација ќе прифатат и нови и поголеми предизвици на деловен план. Ве советуваме да бидете потрпеливи и мудро да раководите со финансиите. Ќе добиете пари, но не во очекуваната количина. Новото пријателство ќе ви помогне да ги залечите старите рани.

error: