Астро

СРЕЌА Е да си БИК – Најдобрите карактеристики на БИКОТ

Тој е физички силен и ментално брз. Перфекционист е кога станува збор за убавите нешта во животот. Има одличен вкус за облекување и речиси за сè друго. Тој исто така е способен и да заработи доволно пари за да си дозволи купување скапи работи. Луѓето родени во хороскопскиот знак бик, се многу нетрпеливи и почнуваат да мрморат и тапкаат со нозе, ако ги оставите во исчекување. Бикот ќе ви даде на знаење како точно се чувствува во врска со нешто. Ќе биде директен и дрзок доколку смета дека сте виновни за нешто или ќе ви ја појасни ситуацијата, ако ги немате сите факти на ум. Кога не се согласува со нечие мислење, тој отворено ја покажува својата лутина. Кога убаво ќе ве „изџвака“, тој ќе очекува од вас да имате обѕир за болката која сте му ја нанеле.

Буржоаски живот
Во суштина, биковите се стабилни, урамнотежени, конзервативни личности, чесни граѓани и љубители на мирот. Сакаат да ги поседуваат сите добри квалитети на буржоаскиот начин на живот. Бидејќи биковите имаат чувство за материјалните вредности, сакаат да поседуваат вредни работи и хорор им е да запаѓаат во долгови, тие ќе направат сè што е во нивна моќ за да го одржат безбедното финансиско статус кво. Порано или подоцна, парите ќе дојдат во нивни раце. Бикот воопшто не е скржав, туку напротив, дарежлив е со парите, колку што е широк во срцето.

Одлучна и комуникативна особа
На прв впечаток, бикот делува како екстремно тивка и воздржана личност. Но, кога ќе се зближите со него, ќе установите дека бикот не е личност која само седи и ги слуша вашите монолози, туку активно партиципира во разговорите. Тој промислено ги прави своите чекори, но кога еднаш ќе се реши на нешто, невозможно е да го премислите. Доколку бикот е оставен сам на себе, тој се претвора во ведра, расположена и безгрижна личност.

Голем интелектуалец
Бикот има големи познавања за светот во којшто живее, мислите му се поврзани и знае убаво да се изразува. Неговиот мозок е како сунѓер, кој впива информации и факти и ги складира, сè до оној момент кога ќе може да ги употреби за да го импресионира градоначалникот на некое далечно местенце, за кое никој не чул, освен се разбира бикот. Тој не само што слушнал за тоа далечно место, туку умее да ги наведе сите статистички податоци поврзани со него, неговата економија, политика и меаните во кои ја служат најдобрата храна.

Гурман
Бикот е навистина голем обожавател на храната. Тој сака да ја проба секоја добра кујна и е многу незадоволен кога наместо со вкусен оброк, е послужен со храна од послаб квалитет. Нему не му пречи да потроши повеќе пари на обилно јадење за целата маса, сè додека неговите придружници се благодарни и ја ценат уметноста на храната. Како што и се очекува, бикот обожава да организира и да биде повикуван на ноќни забави, кои вклучуваат убава храна.

Почит кон уметноста
Бикот има страст и наклонетост кон уметноста и има голем мерак да научи доволно за неа. Најчесто, тој навистина може да препознае добро уметничко дело и ги познава техничките причини кои го докажуваат тоа. За повеќето бикови, музиката има посебна улога во нивниот живот, а претставниците на овој знак имаат тенденција да бидат одлични музичари. Тие сакаат и да пеат и да бидат слушнати од голема публика.

Образован и одговорен кон себе
Бикот не сака да биде во близина на ниско интелигентни луѓе и има возвишено мислење за себеси кога отфрла од својот живот, некој кој не е доволно интересен или не е доволно образован. Од прво, може да помислите дека тој е само еден голем сноб, но кога добро ќе го запознаете, ќе сфатите дека неговото расудување е базирано на неговиот основен вредносен систем. Според тој систем, секоја индивидуа има одговорност да ја култивира својата интелигенција и смета дека оние луѓе кои не ги искористуваат приликите да научат нешто ново во животот или пак оние кои немаат волја да си ги создадат таквите прилики, треба да се срамат од себеси. Тој не верува во „жртви на околности“, бидејќи самиот тој ги користи сите ситуации од кои има некаква полза и не може да сфати зошто сите останати луѓе не би можеле да го направат истото.

Пасивна личност
Типична карактерна особина на биковите е пасивноста. Можете да сметате на бикот секогаш кога ќе ви биде потребен, но никогаш не очекувајте тој прв да ви се јави. Но, доколку побарате нешто од него, па макар и совет, тој истовремено ќе знае што да направи и како да го направи. Грижење, паника и нервоза дефинитивно не се дел од карактерот на бикот. Во природата на бикот е да биде стабилна и константна личност. Одлуките ги донесува бавно, откако ќе ги земе предвид сите аспекти на ситуацијата. Биковите го сакаат домот во кој живеат и каква било промена во него ги вознемирува. На личност со хороскопски знак бик никогаш не кажувајте ѝ дека е тврдоглава – таа никогаш нема да поверува во тоа. Бикот за себе мисли дека е трпелив, а не своеглав.

Ги бидува за водење бизнис
Бикот има тенденција да биде добар бизнисмен. Тој ја разбира идеологијата на бизнис стратегиите и знае како истите да ги имплементира за да родат успеси. Бикот има компетитивен дух и може лесно да ја препознае слабата страна на неговата конкуренција, а во ракавот го чува најдобриот ас за да ја искористи таа слабост во полза на неговата работа. Ако работи во департманот за продажба, неговиот тим ќе биде најдобриот, најпаметниот и најпродуктивниот во целата индустрија. Насоките кои им ги дава на своите вработени, лесно влегуваат во нивната глава, па ќе им биде потребно многу кратко време за да почнат да го почитуваат и да веруваат во неговиот суд и здрава логика.

Лојални фер плеј играчи
Бикот ќе биде лојален другар и вработен, сè додека се чувствува почитуван и вреднуван од страна на другите луѓе. Тој е верен, дарежлив и внимателен со пријателите, но ретко се спријателува со некој надвор од неговиот социјален круг, на кој е безрезервно лојален. Однатре, биковите се нежни, добродушни, скромни, цврсти, мразат расправии и непријателски односи. Но, доколку бикот ги стави во прашање намерите на некој негов пријател или доколку неговите бизнис планови се критикувани од страна на шефот, тој ќе биде вистински повреден и ќе реагира бесно и гневно, при што изгледа како целосно да ја губи својата самоконтрола. Бикот нема импулсивна природа и никогаш не реагира без причина. Другите луѓе не ја очекуваат таквата реакција од бикот, но неговата лутина ќе помине толку брзо, уште пред останатите да сфатат што се случило. Подеднакво неочекувани се ситуациите во кои бикот прави смели шеги и лудо се забавува.

Романтичари во љубовта
Предводен од Венера (планетата на љубовта), љубовта е многу значаен дел од животот на бикот. Тој знае да биде многу романтичен и умее да поттикне интерес кај спротивниот пол. Бикот го обожава предизвикот кој го поставува пред својот потенцијален љубовен партнер: неговото срце мора да биде прво освоено. Кога тоа ќе се случи, бикот ќе биде посветен, романтичен и лојален партнер, сè додека неговиот партнер е љубезен и покажува почит спрема него.
Повеќето бикови во љубовта имаат тенденција да ја играат „играта на чекање пред врзување“. За жал, голем број бикови си имаат почувствувано на нивната кожа, дека таквото однесување не оди баш во нивна полза. Тие треба да се изборат со тоа, на начин што ќе прават бебешки чекори кои водат кон акција. Побарајте го телефонскиот број на симпатијата, пратете му/ѝ имејл порака, направете нешто, што било!

error: