Астро

Според научни истражувања, родените во овој хороскопски знак ќе живеат најдолго

Луѓето коишто живеат и над 100 години имаат најразлични тајни за својата долговечност, но се чини дека нивните долги животи имаат врска и со хороскопот. После неколку спроведени истражувања се покажало дека луѓето родени во знакот на Ракот живеат најдолго, а после нив се Овенот и Девицата.

Се верува дека многу Ракови доживуваат длабока старост бидејќи сакаат да водат здрав живот, а за тоа ги мотивира мислата да поживеат колку што е можно подолго, како би можеле подолго време да бидат покрај своите најмили, особено децата, и да се грижат за нив.

Девиците пак својата долговечност ја должат на уредниот начин на живот и големата грижа за сопственото здравје. За многу Девици правилната исхрана и физичката активност се стил на живот, па тие и не можат да замислат да живеат поинаку. Исто така, Девиците се и прилично смирени личности, а помалку стрес значи и долг живот.

Овнот пак има најголема страст кон животот.

Ова истражување го потврдува и службената листа од најдолговечните луѓе на светот којашто се бележи од 1955-та година, а ја составува организацијата Gerontology Research Group. Помеѓу 59-те лица од листата, најголем број се родени во знакот на Ракот (8), а потоа следат Девиците (7) и Овновите (7).

Интересно е дека помеѓу нив 22, дури 18 се жени, што ја потврдува и познатата изрека дека жените живеат подолго од мажите.

error: