Астро

Според астролозите најточен: Каков хороскопски знак сте според Маите?

Знаењата на Маите во областа на астрономијата и математиката и до ден денешен продолжуваат да ги вчудоневидуваат научниците. Хороскопот создаден од нив е еден од најстарите. Некои астролози се убедени дека е овој хороскоп е многу точен. Без разлика дали верувате во такви работи, веројатно би сакале да дознаете кој е вашиот знак според календарот на Маите.

Лилјак (26 јули – 22 август)
Лилјакот е бранител на домот и глава на семејството. Без разлика дали станува збор за маж или жена, човекот, роден под овој знак, поседува исклучително силен дух. Тој е амбициозен, постојан, искрен, но понекогаш и премногу груб. Зад оваа суровост сепак не се крие ништо друго освен желбата за правда.

Скорпија (23 август – 19 септември)
Луѓето родени под знакот на Скорпија, сакаат да ги покажуваат чувствата и мислите, но не со зборови, туку со дела. Според Маите, Скорпиите, се надарени со „дарот на меморијата“ – тие паметат сè – и доброто и лошото. Во односите со околината се лојални, чесни и посветени. Нивниот најголем проблем е тоа што очекуваат секогаш да им се возвраќа со истото, инаку стануваат злобни!

Елен (20 септември – 17 октомври)
Елените се паметни, мили и со големо срце. Исклучително романтични по природа кои ги обожаваат објаснувањата во љубов и комплиментите. Ранливи и нежни суштества, со многу силна интуиција и голем талент.

Був (18 октомври – 14 ноември)
Своеволни и непослушни! Бувовите обожаваат некој да им наметнува правила, бидејќи се родени потоа тие правила ги претворат во пепел. Тие ги уриваат ѕидовите, ги побиваат митовите и секогаш сè превртуваат со нозете нагоре. Овие луѓе се исклучително паметни и инвентивни. Го мразат суеверието и најверојатно не веруваат на ниту еден збoр во овој хороскоп. Бувовите следат еден принцип – окото да види, раката да допре!

Паун (15 ноември – 12 декември)
Гордост – тоа е зборот што најточно ги опишува родените под овој знак. Извондредни луѓе кои обожаваат да бидат во центарот на вниманието. Жените пауни се надарени со посебен шарм на кој никој маж не може да одолее. Околу нив секогаш е полно со обожаватели.

Гуштер (13 декември – 9-ти јануари)
Гуштерите се мирни и избалансирани личности. Преферираат тишина и осаменост. Тие се чувствуваат одлично кога се сами и ужасно кога се лишени од својот личен простор. Во љубовта овие луѓе се исклучително посветени, но тешко се навикнуваат да го делат цело време нивниот кревет со друга личност.

Останатите знаци погледнете ги на наредната страница подолу

error: