Астро

Скорпиите ќе заработат, Ракот ќе е вознемирен – Дневен хороскоп за 19.03, Понеделник

Овен (21.03 – 20.04)

Не обрнувајте им внимание на разговорите на еден Рак, но сепак бидете внимателни бидејќи многу лица се ваша конкуренција. Сакате да најдете начин како да се смирите со некој кој до неодамна ви бил многу верен. Ако таа личност од некоја причина се променила, запрашајте се дали вие сте придонеле во тоа. Верувате во можноста за изнаоѓање на решение за финансиските проблеми.

Бик (21.04 – 21.05)

Не влегувајте во аранжмани со Стрелец, Рак и Девица. Потребен ви е совет од личност која живее во странство или која има контакти со странци. Добивате поддршка од повеќе страни во врска со работата која сакате да ја започнете.  Ќе добиете повик од некоја Вага која добро ве познава и знае како да ви помогне да го решите прашањето за вашиот статус.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Позицијата на Месечината во Рак кај вас поттикнува потреба за некои нови работи во доменoт на приватниот бизнис или можен разговор со членовите од фамилијата за некои заеднички планови кои би можеле да ви донесат некои нови шанси кога станува збор за вашата кариера. Ќе добиете прилика да се смирите со некој кој во последно време ве игнорирал. Не би требало да влегувате во било каква расправија со други Близнаци или Шкорпија.

Рак (22.06 – 22.07)

Поради нешто сте вознемирени, работите не ви се поставени на свое место. Одличен ден за склопување договори и за деловни реформи. Се ќе биде поуспешно отколку што замислувавте. Но, тоа не значи дека финансиите ќе ви бидат сјајни, пробајте да им одолеете на слатките излози од продавниците, и заштедете некој денар.

Останатите знаци погледнете ги на наредната страница подолу

error: