Астро

Што ќе му се случи на вашиот хороскоп во љубовта во ЈУЛИ?

Овен
Пронаоѓате емотивна инспирација на различни страни и делувате задоволно, но не во целост. Таквото расположение ќе потрае до втората недела на јули. Новите љубовни искушенија ќе придвиѓат во вас некои скриени емотивни желби и потиснати мечти. Не криете дека имате големи очекувања пред саканата личност. Чувствувате потреба да остварите комплетно задоволство или да го промените постојаниот ритам во врската. Заедничката доверба е добра основа, а новите сличувања и емотивната динамика најавуваат позитивна пресвртница. Со задоволство се одзивате на големиот број повици и уживате во друштво, во забавите и во флертот. Доколку сте млади и слободни, ви претстои нова романса. На зафатените им следат предизвици што може да им ја разнишаат врската и да ги загрозат постојните планови.

Бик
Забележувате извесна напнатост во односот со партнерот што не ја разбирате најдобро, па повремено делувате загрижено и поради ситните недоразбирања што постојат во вашиот љубовен живот. Сепак, секој проблем им а решение и носи поучно искуство. Од 6-ти јули ситуацијата постепено се средува, а тензиите се смируваат. Нема потреба да се задржувате на некои неостварени или погрешни одлуки од вашето љубовно минато, затоа што понатамошниот развој на настаните носи олеснување и подобро разбирање и убави мисли за блиската личност, затоа што лошите аспекти се временски ограничени. Важно е да почувствувате емотивна топлина во нечие друштво, а тоа е доволен повод за среќа во љубовта.

Близнаци
Мошне сте упорни и сакате да ги остварите сите ваши љубовни намери дури и по цена некој повремено да ве оспорува или вие некого да повредите. Немојте да бидете нетрпеливи, туку држете се до максимата: трпение – спасение. Ако сте млади или слободни, новите контакти и познанства, со поволниот аспект на Венера и Сатурн што стартува од 12-ти јули можна е една помалку возбудлива но стабилна љубовна романса. Некој од вашето блиско окружување во вас буди голем интерес и добро расположение и ве потсетува на претходните пријатни искуства. Меѓутоа, доколку сте зафатени не ви се советува да експериментирате со вашата врска и тајните комбинации, затоа што едноставно не е време за тоа…

Рак
Заводливи сте, зрачите со оптимизам и го привлекувате вниманието на спротивниот пол, особено во првата половина на јули. Но, поради погрешните изјави или непромислени постапки во истиот период ќе запаѓате во конфликтни или непотребно комплицирани ситуации. Доколку сте во врска, спојот на овие два аспекти никако не е добар затоа што ќе ве доведе во ситуација да флертувате на сите страни, но без резултати. Нема потреба да форсирате емотивно ривалство или лично докажување во односот со саканата личност, ниту дополнително да се истакнувате. Младите или слободни припадници на знакот, речиси непречно, може да ги користат моменталните предности што им ги нудат планетите, но сепак внимателно и рационално, затоа што во спротивно кванитетот ќе го потисне квалитетот и состојбата ќе остане непроменета, односно и покрај големиот избор лесно можете да останете сами.

Останатите знаци погледнете ги на наредната страница подолу

error: