Астро

СЕКОГАШ ПРВИ ВО СЕ: Родените во овој знак се најсовршени

Зошто е убаво да се родиш во овој знак? Ако сакате да сте апсолутен победник во се, тоа ќе ви успее само ако сте ОВЕН!

Секој пат кога ќе отворите некој хороскоп, секако забележувате дека прв зодијачки знак со кој почнува астролошката прогноза е Овен. Но зошто е тоа така?

Сонцето излегува и го буди животот на Земјата. Ни доаѓа пролет а со неа и родендените на првиот знак во зодијакот. Да се биде роден како Овен, значи да се родите како победник!

Иако Марс, владетелот на овој знак носи агресивна енергија која може да биде агресивна токму таа ги прави Овните победници. Секогаш сакаат да се први во се. Но тоа не е само натпреварувачки дух туку и љубов кон животот. Овенот владее со првата куќа на хороскопот која означува раѓање, енергија, импулс, почеток на живот…

Како прв знак има совршен хороскоп. Млади се во душа, борбени, секогаш подготвени за акција. Секогаш е спремен да го признае поразот и да подаде рака на противникот. Најдобрите спортисти, војници и освојувачи се родени баш во овој знак. Може да се каже дека остваруваат се што ќе замислат.

Мажите родени во овој знак се вистински мажи, полни со енергија, спортисти, авантуристи, борци… а и многу лојални. Обично немаат проблеми со килограмите, често ќе ги препознаете по детските очи, големите мускули и насмевката…

Во љубовниот живот се многу коректни, ги сакаат своите деца. Жената им е центарот на светот. Полни се со позитивна енергија.

Жената родена во овој знак на прв поглед е вистинска амазонка, но всушност е прекрасна нежна емотивна дама која бара маж во вистинска смисла на збор, некој кој е посилен од неа. Одлични мајки се приврзани кон домот, кон децата… Не бара маж кој материјално би ја обезбедил туку сака да има „достоен противник“.

Обично се многу витки и со одлично тело.

error: