Астро

САМО ТАА ВИ ТРЕБА ВО ЖИВОТОТ: Жената во овој знак е полна со љубов

Тоа е онаа работа на која еден маж може секогаш да падне, но таа е толку зафатена со своите хобија и кариера, што дури и не погледнува во неговата насока. А тој се прашува како да го привлече вниманието и уште повеќе пак како да го задржи. Ова може да е и девојка на која секогаш и завидуваме за самодовербата и нејзиниот неверојатен вид. Таа точно знае што сака од животот и како да го постигне тоа. Таа е прекрасна. И таа е веројатно Јарец.

Овие жени изгледаат апсолутни стоици и малку ладни однадвор, но одвнатре се полни со љубов и неверојатни луѓе. Но ви треба време да ги запознаете. Ви пренесуваме 4 причини зошто жената Јарец може да биде најдобар партнер.

Во животот
Постои причина зошто јарецот е нивниот симбол. Јарците сакаат да се качат што е можно повисоко во животот (да успеат) и да бидат најдобри во она што го прават. Не се особено добри, сепак во балансот помеѓу работата и забавата. Жената Јарец има визија за животот и знае дека здравата работа и амбиција ќе ја одведат до нејзината цел . По работа, кога сите одат на пијалок со пријателите и колегите, таа останува, за да провери се. На универзитетот таа е менаџер на групен проект и поправа се што правите. Шефовите ја сакаат, бидејќи ги респектираа сите со својот авторитет. Исклучително одговорна е, а тоа значи дека никогаш не лета со памет кога се занимава со нешто. Може и да ве нервира нејзината професионална етика, но ќе бидете благодарни што можете да се потпрете на неа.

Во пријателствата
 Жената Јарец во пријателскиот круг е рамото на кое плачете. Претставниците на овој знак се познати со трпение и способноста да слуша за проблемите на пријателите со часови. Но токму оваа жена ќе биде таа која ќе ви каже се да земете во раце и ќе ви подготви детална стратегија како да се вратите во живот. Луѓето имаат потреба од жената Јарец во пријателската средина, бидејќи е одговорна и организирана. Таа ги прави плановите, ги собира сите на едно место и потоа ги проверува, за да разбере дали се беспрекорни. Но оваа жена нема да има огромен круг на пријатели. Таа нема време за сите и верува во квалитетот, наместо во количината. Таа може и да не е центарот на забавата, едноставно затоа што била премногу зафатена да ја организира забавата.

Во љубовта
 Жените Јарец се апсолутно независни и често доста тешки. Во љубовта претставничката на овој знак треба да биде прогонувана, а тоа им се допаѓа на мажите кои сакаат предизвици. Но нејзиниот дечко не секогаш е приоритет за неа, но страста и интересите се токму она што партнерот го смета кај неа за секси. Мажите ја сакаат, бидејќи таа нема потреба да се идентификува со нив и врската. Таа си има свој живот и никогаш не се лепи за некого. Идеална партнерка е, бидејќи е лојална. Состојбата и имиџот се важни за неа и таа сака да ја создава сликата на „it пар“. Ги става своите долгорочни цели, затоа ако се интересира за мажот, тоа значи мисли за нешто долгорочно. Но заради лојалноста и самосвеста, жената Јарец не е жена, која може да ја мамите. Таа дава драгоцено време за да му се довери на човекот, и не е склона да надмине предавство.

error: