Астро

Романсата ќе блеска за вас оваа недела – четири хороскопски знаци ќе имаат прекрасна недела на љубовен план

Вага
На љубовен план ќе ве следи популарност меѓу личностите од спротивниот пол и би требало да бидете свесни дека славата кратко трае, а дека љубовта е вечна. Се што ви лежи на срце ќе ви биде блиску и можете да ја остварите вашата долгогодишна желба конечн о да ја најдете сродната душа. Свртете се околу себе и ќе увидите дека едни очи ве гледаат и сакаат да бидат со вас. Немојте да ги занемарувате тајните знаци што таа личност ви ги праќа. Конечно би требало да здивнете и да сфатите дека дојде време да се змирите во прегратките на таа драга личност.
Исто така, Вагите во брак ќе уживаат во кругот на семејството, а и во односот со партнерот во текот на неделава. Ќе почувствувате потреба да усреќите некоја блиска личност, но и луѓето околу себе. Посебно ќе се трудите и ќе ја освежувате вашата врска. Планирајте заедничко летување и можете да доживеете незаборавен убав годишен одмор преполн со нежности во љубовта. Постојат можност за принова во семејството.

Скорпија
Во љубовниот живот слободно можете да се опуштете и да им се препуштите на емоциите, на страстите и немојте оваа недела да носите важни одлуки. Тоа оставете го за подоцна кога ќе имате поповолен период. Уживајте покрај партнерот во среќата што ви ја носи заедничкиот живот. Што се однесува до припадниците на овој знак, оваа недела ви носи потешкотии што со текот на времето ќе поминат. Се работи за тоа што со кого и да се обидете да остварите траен контакт, тоа не ви успева. Еве поради што. Премногу сте рационални и не дозволувате срцето да одлучува наместо вашиот разум. Опуштете се и препуштете се на убавите чувства затоа што заедно на таков начин ќе дојдете до вашата сродна душа. И вас ве чека среќата што веќе долго време ја барате. Наеднаш ќе се најдете во ситуација да незнаете што се случува и да неможете ништо да контролирате. Тоа е одлично затоа што љубовниот бран ќе ве исфрли во прегратките на некоја интересна личност.

Стрелец
Партнерските односи оваа недела драстично ќе се поправат, а се поради тоа што ќе си пружате радост еден на друг. Убавите, семејни собири и прослави ќе ве исполнат со позитивна енергија, така што и двајцата несебично ќе ширите љубов, радост и почит. Ќе чувствувате љубовен занос и кога ќе сфатите дека наскоро семејството ќе се прошири за уште еден член. Стрелците што сеуште бараат сродна душа оваа недела ќе имаат избор и добро би било се да остане на тоа. Потребно ви е време за да видите која личност најмногу ви одговара. Немојте да ги оценувате луѓето врз основа на физичкиот изглед, а вие сте склони кон тоа. Побарајте совет од пријатели, член на семејството за да ви помогнат при изборот затоа што кога ќе се вљубите не гледате подалеку од носот. Немојте да се залетувате.

Риби
Се што ќе им се случува на Рибите оваа недела на љубовен план ќе ви биде убаво и пријатно. Слободните Риби конечно наоѓаат личност со која ќе го поминат остатокот од својот живот. Бидете трезвени на самиот почеток на врската затоа што ќе ве понесе вљубеноста па нема да можете да видите ништо друго во животот. Бидете внимателни, не ја губете главата поради љубов и пуштете времето да ви покаже какви ви се односите и колку добро се познавате меѓусебно. Ако сте во брак, кај вас доаѓа до смирување на страстите, љубовта почнува да се претвара во голема почит и се повеќе сфаќате дека треба да имате време еден за друг. Опуштете се еден крај друг и ќе видите колку добри брачни односи сте создале со заеднички сили. Се ќе успеете да надминете, дури и некои изкушенија што ве очекуваат. Добро би било на време да планирате бременост и проширување на семеството за да не бидете затекнати од ситуацијата. Постојат можности за ненадејна бременост.

error: