Астро

Ракот ќе ги обнови чувствата, Скорпијата ќе се нервира – Неделен ЉУБОВЕН хороскоп (од 12 до 18 март)

Овен

Во љубовта не се препуштајте само на вашите страсти туку погледнете малку и во срцето на вашиот партнер. Можете да очекувате мали недоразбирања со партнерот околу роднинските односи. Потрудете се да се дистанцирате од вообичаените семејни нетрпенија. Бидете подготвени на компромиси. Слободните претставници ќе сакаат да се запознаат со личност која не покажува никакви интереси.

Бик

Во љубовта ќе морате поотворено да разговарате со вашиот партнер ако сакате да ги избегнете недоразбирањата. Обидетет се, ќе бидете изненадени од тоа колку вашиот партнер има разбирање за вас. Оние кои се во брак на некој начин ќе се обидат да ја избалансираат врската со партнерот. Но од него треба да очекувате онолку колку што сте спремни да дадете. Слободните претставници ги очекува опасен предизвик.

Близнаци

Во љубовната врска во која се наоѓате владее една слична состојба. Па размислете и одлучете што сакате и што очекувате од вашиот партнер, а истото важи и за оние кои се во брак. Слободните претставници на овој знак ќе ги загрижува тоа што се сами.

Рак

Емотивниот живот се стабилизира и покрај разнишана самодоверба. Ако имате партнер можете да го искористите овој момент за обновување на чуствата, па за тоа можете да организирате романтична средба која долго ќе остане во вашите сеќавања. Ако сте и понатаму незадоволни во љубовта променете нешто но не бегајте од проблемите.

Останатите знаци погледнете ги на наредната страница подолу

error: