Астро

Правило на 4-те елементи: Еве каде да ја најдете сродната душа според хороскопскиот знак

Доколку ја барате вашата сродна душа, пробајте на местата каде што е најголема можноста да сретнете луѓе кои најмногу одговараат на вашиот хороскопски знак, односно почитувајте ги правилата на четирите елементи.

Огнени знаци

Тие се енергични, ентузијастични и многу друштвени. Луѓето со кои владее овој елемент постојано се во движење и својата енергија ја трошат обично на места каде што има многу физички активности. Затоа Овенот, Лавот и Стрелецот многу често ја пронаоѓаат својата сродна душа во теретана или на игралиште. Придружувањето во некој клуб или во било кој друг спортски тим може да биде предност во вашата романтична потрага.

Огнените знаци се натпреваручвачки настроени и можат да ја пронајдат својата љубов на некои спортски настани, турнири или било какви натпревари. Тие се импулсивни и повеќе им одговараат места каде што луѓето можат слободно да се изразат, без стравови или притисоци и каде што се опуштени и свои.

Земјени знаци

Луѓето со кои владее земјениот елемент се сензуални, стабилни и практични. Затоа Бикот, Девицата и Јарецот сакаат хоби во кое примарно ќе им е сетилото за допир, како готвење, работа со дрво или плетење. Доколку пронајдете некој кој ќе ја дели вашата страст за создавање на убавото во овој материјален свет, започнете курс за некое од овие горенаведени хобија.

Земјените типови се исто така многу друштвени и го пронаоѓаат својот душевен мир во друштва кои се занимаваат со култура или екологија. Избегнувајте стерилни места, а дајте му предност на конструктивниот развој.

Воздушни знаци

Воздушните знаци се интелигентни, објективни и аналитичари. Доколку сте под влијание на овој елемент потребен ви е партнер кој ќе може да ве следи во вашата спиртуална дебата. Приклучете се на некои клубови на љубители на книги, писатели, поети, социолошки дебати или политички организации.

Луѓето родени во овој елемент сакаат знаење и можат да ја пронајдат својата љубов во библиотека, книжара или во некоја државна институција – било каде каде што можат да се пронајдат многу информации за различни намени. Воздушните знаци мора да имаат ангажирани умови, така што може да барате друштво таму каде што интелигенцијата е на врвот и поставена како премија.

Водени знаци

Хороскопските знаци со кои управува водениот елемент се креативни и интуитивни. Доколку припаѓате на овие знаци, тогаш треба да барате партнер кој знае да ја цени уметноста. Може да го сретнете вашиот партнер од соништата во некое студио за танц, кино или музеј.

Водените знаци исто така имаат силен инстинкт и воглавно се луѓе кои повеќе ги ценат вашите дела отколку зборови (оној што е силен само на зборови водените знаци тоа одлично можат да го препознаат). Може да го пронајдете вашиот љубовник во некој хуманитарен центар – на било кое место каде што луѓето го поминуваат своето слободно време за да го направат светот подобро место за живеење.

error: