Астро

Овие два хороскопски знаци да внимаваат викендов – ги очекуваат трошоци

Близнаци
Ова е време за јасни ставови и доколку работата им ја препуштате на колегите, можете да имате несогледливи последици. Финансиите ви се добри, и единствено на што треба да внимавате се неконтролираните трошоци. Ситуацијата во партнерските односи е хаотична и треба да ја употребите интуицијата за да го предвидите следниот чекор на партнерот. Доколку сте сами, мислите ви се насочени кон личност која, од одредени причини, не е покрај вас.

Рак
Овој викенд ве очекува поголем трошок. Бидете внимателни затоа што без разлика на заработувачката, трошоците се се поголеми. Доколку сте во брак или во подолга врска, обидете се добро да ги скриете тајните што ги имате. Може да се случи партнерот да открие нешто што ќе создаде напнатост помеѓу вас. Ако сте слободни, внимавајте со кого стапувате во контакт.

Риби
Ве загрижуваат финансиите. Најдобро е да продолжите со досегашното темпо и да не ја трошите заштедата. Доколку сте слободни, никако не повлекувајте се во себе и не осамувајте се. Пријателите и дружењето се најдобар лек за љубовните проблеми. Не им дозволувајте на емоциите да ве надвладеат.

error: