Астро

Овенот носи одлуки со срце, Вагата со мозок – а останатите хороскопски знаци?

Срце

Рак, Риба, Лав, Овен

За Раковите и Рибите не е никакво изненадување што одлуките ги носат првенствено со срцето. Нежни и емотивни, на вагата на нивното расудување тасот на разумот секогаш ќе биде полесен од оној на срцето.

Она што изненадува во оваа група се Лавовите и Овните. Особено драматични, горделиви и по малку арогантни, на моменти ладни и дистанцирани, сепак овие два знаци имаат особено изразена емпатична страна, па во целата еуфорија срцето успева некако да надвладее и да го победи умот.

Мозок

Девица, Јарец, Вага, Водолија

Секако дека Девиците и Јарците носат одлуки поткрепени со аналитичко и практично размислување. Со нив нема шега, понекогаш имаат срце од камен и не дозволуваат да ги поколеба каква и да било емоција. Прагматичност пред сé останато!

Вагите и Водолиите се вистинско изненадување во групата. Вагите вообичаено сакаат да балансираат во секој аспект од животот, но изненадувачки одлуките ги носат со разумот. Водолиите иако се карактеризираат како слободни и ноншалантни во принцип носат многу разумни и промислени одлуки.

Срце и мозок

Близнаци, Стрелец, Скорпија, Бик

Овие 4 знаци успеваат да балансираат помеѓу срцето и разумот кога доаѓа време да се донесе некоја одлука. Може да ги најдете како прават листа ЗА и ПРОТИВ околу некое важно прашање, обидувајќи се да пронајдат идеален компромис каде што ќе биде задоволена и емотивната и практичната страна.

Интересно е што можеби ќе се посоветуваат со неколку луѓе, но секогаш на крајот ја донесуваат одлуката по свое, макар направиле грешка.

error: