Астро

Овенот ќе има успеси, Скорпиите трошоци – Месечен хороскоп март 2018

ОВЕН (21 март – 20 април)

Пред вас е силен и успешен месец, во кој ќе имате средби и контакти што ќе ги дефинираат вашите идни акции од финансиска природа. Ќе решите некои финансиски прашања со роднини или деловни партнери. Еден предлог може да ви донесе подобро платена работа, профитабилна трговија или бизнис. Подобрената комуникација со луѓе од далеку и во близина може да биде и од личен/љубовен карактер и од деловен. Ќе добиете корисни информации или предлози. Очекувајте тешки разговори или конфронтација со одредени личности. Ќе искрснат проблем што не може да се решат токму поради влијаниетона овие луѓе.Ќе се грижите или ќе се обидете да му дадете помош и поддршка на пријател кој има сериозни здравствени проблеми. Жените-Овен до 35 години ќе имаат големи компликации во пријателските односи. Тие ќе ви влијаат депресивно, ќе внесат меланхолија, тажни чувства. Во март, некои брачни и семејни односи ќе бидат ставени на проба. Проблемите не се нови. Најверојатно во минатото сте доживеале разделба или поделба, но сега работите се дури и посложени и понепредвидливи. Лоши вести ви врска со некој роднина. Кога ќе донесувате важни одлуки во март пазете се од непобарани и несакани совети, или од манипулација. Некој ќе се обиде да ве искористи за потребите на друго лице. Генерално, март ќе биде продуктивен и успешен месец за вас. Но, проблемите кои ќе се појават сега во никој случај не треба да ги игнорирате.

БИК (21 април – 20 мај)

Во март треба да разгледате, планирате или да одите на важно патување. Тоа дефинитивно ќе биде поврзано со ваша желба да започнете нешто ново, да спроведете нов план или да отидете на место каде што не сте биле досега. Генерално, март е поволен месец за патување, без разлика на целта. Лоши вести или настан поврзан со поранешен брачен другар или поранешна љубовна врска ќе се појават. Март ќе биде емотивно непредвидлив, со веројатност за тестирање на вашата сегашна врска. Разделбата со некој близок ќе се должи на тажен, ама може и на радосен настан. Изненадувањето овој месец може да е поврзано со работа/образование на лице од вашето семејство и со ненадејна одлука за поправка или некои промени во домот. Ова ќе биде поволен месец за бизнис далеку од дома, онлајн бизнис и слично, како и во однос на парите. Ќе имате можност за поголем приход, да добиете одложени пари и слично. Ви претстојат финансиски односи со лица во знакот на Бик, Девица или Јарец. Ќе имате интересни контакти и со лица од друга заедница во знакот на Риби, Рак или Шкорпија. Тешкотии ќе се појават во комуникацијата со деца и внуци за жените-Бик над 35 години. Несакајќи може да повредите некој близок длабоко. Март може да ве воодушеви со подарок, купување, или поволен развој на имотно-правни прашања и слично. Веројатни материјални награди или добивки на играите на среќа.

БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)

Во текот на март пред вас се очекувани и неочекувани настани дома поврзани со патување за вас лично или за некој од вашето семејство. За некои Близнаци, ова може да вклучи подолго патувања или преселба. Сите настани дома ќе имаат врска со луѓе или околности коишто се далеку од вас. Ќе водите разговори со деца или млади членови од семејството за пари, исплати, инвестиции. Можно е да им помогнете финансиски, ама и тие вам. Ќе преземете нешто заеднички со нив што ќе наложи и заеднички финансиски ресурси. Ќе добете пари за дете или од дете. Повтоно ќе ги воспоставите пријателски односи што сте ги изгубиле во минатото од разни околности во вашиот живот или во животот на друго лице. Може ќе се вратите на старата љубов или ќе ја сретнете старата љубов, што ќе биде пријатно за двете страни. Март е поволен за промени – и да ги планирате и да ги спроведете. Во некои случаи, овие промени може да се поврзани со лице во знакот на Бик, Девица или Јарец. Поволен месец за контакти со судски и правни институции, но ако ги избегнете ќе ќе биде уште подобро. Ситни здравствени проблеми може да ве потсетат дека здравјето е приоритет во животот. Можно е да имате некои непријатности или болки кои, генерално, нема да ве изненадат.

РАК (21 јуни – 20 јули)

Во март може да доживеете разочарување од постапките на една жена. Ветување што не може да го исполни или неоснована надеж од нејзина страна ќе ве растаже, па дури и расплаче. Интуитивно, знаете дека може да сметате на неа, но не и овој пат. Поминете низ ова како еден непријатен момент. Изненадувањето овој месец ќе биде поврзано со девојка или млада жена; опциите поврзани со неа се различни. Можеби овој убав настан се однесува на ќерка, внука или други блиски женски роднини. Неочекуван успех ги чека жените-Рак до 35 годишна возраст. Шанса за интересна промена во работата. Можеби е поврзана со преместување на подобро место. Можно е да се вратите на старата позиција каде што е попријатно да се работи. Ви претстои службено патување. Многумина од вас ќе бидат среќни бидејќи ќе купат нешто за дома или ќе добијат подарок. Поволен месец за нова, романтична врска чиј развој, се разбира, ќе зависи од вас лично. Конфликтите дома ќе бидат поврзани со измама, или прикриена акција, како и поради влијанието врз вашите семејни врски од страна на надворешно лице. Во март ќе ви биде драго поради успешно завршување на проблем во животот на момче или млад човек. Некако веќе сте му помогнале. Мажите-Рак до 35 години постепено ќе излезат од тежок период во животот или од тешка ситуација.

Останатите знаци погледнете ги на наредната страница

error: