Астро

Ноември им носи љубовни проблеми на стрелците, а кој знак ќе почне нова врска?

Близнаци

Работа:
Овој период е поволен за развој на нови планови во кариерата. Влијанието на Меркур ќе ви помогне во текот на овој месец да остварите некои исплатливи работи. Сепак, ќе имате и некои турбуленции, па добро е да прифатите помош од семејството и пријателите.

Здравје:
До втората поволина на ноември ќе се чувствувате одлично, а потоа обидете се да вежбате што е можно повеќе, а внимавајте и на исхраната.

Љубов:
Ако сте сами, конечно ќе запознаете личност со која можете да остварите квалитетна врска. Оние Близнаци кои се во брак треба повеќе да се посветат на нивниот партнер, а и да се обидат да му исполнат некои желби. Ве очекува страст, но и потенцијални кавги, па затоа обидете се да се контролирате. Можна е и изненадна бременост.

Стрелец

Работа:
Во текот на овој месец ќе ја оставите работата на страна и ќе се посветите на семејството. Ќе мора да се потрудите и да совладате многу препреки со цел да остварите одреден успех кој веќе долго време го посакувате.

Здравје:
Ќе се чувствувате одлично, а секоја прилика ќе ја искористувате за излегување. Избегнувајте доцни вечерања.

Љубов:
Ова поле ќе ви биде особено проблематично овој месец. Слободните Стрелци ќе имаат нови прилики до 19-ти ноември, додека пак оние кои се во брак може да се соочат со посериозни несогласувања. Клучот е во компромисот.

error: