Астро

НЕЖНА, ГРИЖЛИВА, РОМАНТИЧНА, СТРАСНА: Жената во овој хороскопски знак е идеална за брак

Екстремната чувствителност не само што ја негува кон сопствените потреби, туку и кон потребите на другите, што ја прави една од најчувствителните хороскопски знаци.

Премногу чувствителна, нежна, романтична, грижлива, креативна, страсна, мирна, интуитивна, имагинативна – се е ова жена РАК.

Таа е виорот на чувствата, па во еден момент може да биде исклучително тврдоглава, во друг момент може да биде попустлива, во следен момент лута а веќе во наредниот блага.

Има силна волја и е упорна, истрајна, но некогаш знае да биде и многу резервирана, па склона е да се повлече во својот оклоп ако чувствува дека некој ја вознемирува и ја провоцира.

Екстремната чувствителност не само што ја негува кон сопствените потреби, туку и кон потребите на другите, што ја прави една од најчувствителните хороскопски знаци.

И најмала критика која и е упатена ќе ја земе при срце и нема лесно да ја заборави. Има длабока интуиција поради што вреди да се слушне нејзиното мислење за нешто или некого, а таа кога треба да пресуди ја слуша само својата интуиција.

Нејзиниот поим за совршен партнер е некој кој сака да ја мази постојано, да гледа ТВ во пар и да пијат вино. Никаде не се чувствува подобро и побезбедно отколку во својот дом, а семејството за неа е најсветото нешто што може да постои на светот.

По природа е многу грижлива и семеен тип на жена. Ракот во врската многу повеќе дава отколку што сака да земе. Сака да води мирен, стабилен семеен живот, а сигурноста и верноста и се најважни во љубовната врска.

Заведувањето и сензуалните фантазии се она во што Ракот ужива неизмерно. За неа, сексот е нежен, бавен, сензуален танц со партнерот со кого се впушта во сексуален чин само ако е емотивно поврзана. Сака маж кој во сексот ќе биде доминантен и со кого ќе учи нови сензуални задоволства.

error: