Астро

НЕМААТ ШАНСИ ВО ЉУБОВТА: Овие хороскопски комбинации да се откажат од врска!

Овен и Бик
Овните имаат цврста волја, додека пак Бикобите се познати по тоа што се многу крути и тврдоглави. Можете ли да ја замислите таа кавга?

Бик и Стрелец
Чести се моментите кога Бикот сака да ужива во мирната вечера дома, а Стрелецот секогаш сака да прави нешто забавно. Стрелците секогаш ќе сакаат нешто што Биковите не можат да го поднесат, а уште почесто тие не ги сфаќаат работите сериозно, што може да ги исфрустрира Биковите.

Близнаци и Јарец
Близнаците познати по својата љубов за постојано зборување и забава и Јарците кои се сериозни и секогаш посветени на работата, никогаш нема да успеат да се договорат за ништо. Таквиот недостаток на спонтаност кој го имаат Јарците веднаш ќе ги избрка Близнаците.

Рак и Водолија
Водолиите имаат слободен дух, додека пак Раковите се независни, па би можеле да помислат дека не сте им потребни, со оглед на тоа дека ним не им е потребна личност која нема во целсот да биде со нив. Исто така, Раковите сакаат да ги истакнуваат грешките, додека пак Водолиите сметаат дека се безгрешни.

Лав и Скорпија
Скорпиите нема да се заблагодаруваат ако ги посипувате со комплименти, а Лавовите сакаат многу комплименти и внимание. Исто така, Лавовите веруваат дека се многу шармантни и сакаат флерт, што на Скорпиите не им се допаѓа бидејќи се љубоморни личности.

Риби и Девица
Рибите се најчувствителниот знак, но и многу идеалистички знак што е различно од реалните и приземјени девици. Иако често се вели дека спротивностите се привлекуваат, сепак тоа не важи за овие знаци.

error: