Астро

Неделен хороскоп: Што ве очекува од 15 до 22 октомври – Близнаците на чекор до успех, за Овенот динамичен период

Овен

Ви следува динамичен период во кој ќе бидете исполнети со самодоверба во односите со другите. Вашите иницијативи ќе наидат на одобрување кај претпоставените на работа и ви следи успешен период на сите полиња. Доколку нешто тргне наопаку, ќе направите сè за да се вратите на вистинскиот пат.

Бик

Поставеноста на планетите говори дека иако понекогаш сакате да бидете сами и да се изолирате од луѓе, во овој период ќе се поврзете со некого и тоа ќе трае уште долго. На финанскиски план работите се поволни. Можно е да се почувствувате заробени во работата и настаните околу вас, но не за долго.

Близнаци

По напорната работа од изминатиов период, се чини дека веќе ништо не ви стои на патот до успехот и сиот труд ќе почне да ви се исплатува. Конечно ќе ги реализирате вашите идеи кои носат убави промени во иднина. Ве очекуваат многу дружења со партнерот и пријателите кон крајот на неделата.

Рак

На работа обидете се да не ризикувате премногу- потрудете се да ги реализирате сигурните планови и идеи за во иднина. На интелетуано ниво, ова е период кога барате смисла и значење во животот. Имајте повеќе трпение во односите со другите и научете подобро да се организирате.

Лав

Овој период ќе сфатите дека немате секогаш контрола ниту врз финансиите, ниту врз емотивниот живот. Не секогаш можете да ги разберете потребите на луѓето околу вас. Најважно е да ги слушнете со внимание. При крајот на неделата очекувајте нови креативни можности.

Девица

Имате некој проблем во семејството или некое несогласување на работното место, но иако ви изгледа дека тешко ќе се реши, со тек на време работите ќе си дојдат на свое. Со партнерот можеби имате различни гледишта за многу работи, но и двајцата сте согласни дека се движите во вистинската насока.

Останатите знаци погледнете ги на наредната страница подолу

error: