Астро

Неделен хороскоп(8 до 14 октомври) – Добра недела за Бикот, лоша за Девиците

ОВЕН (21 март – 20 април)
Треба да ја развиете врската, подарувајќи, атрактивен подарок на саканото лице, на пример кратко патување. На брачните двојки, пак, нема да им течат работите мазно. Трпеливо чекајте подобри времиња. Ќе се чувствувате удобно на финансиска план. Заштедите ќе бидат на задоволително ниво. Сепак, не трошете неразумно, туку инвестирајте во нешто стабилно. Чувајте се од вирусни и алергиски инфекции оваа недела. Бидете крајно внимателни што јадете и пиете, но водете сметка и за одржување на добра лична хигиена. Возрасните нека пијат лекови редовно. Возете внимателно.

БИК (21 април – 21 мај)
Ќе уживате во задоволствата на животот со своите понежни половини. Оние во врска може да се колебаат дали да стапат во брак. Брачни двојките ќе се чувствуваат задоволни со предлозите на животниот партнер за зајакнување на односите. Потрошете некој денар за луксузни предмети за да се подобри домашната хармонија, па и по цена да не заштедите пари. Во меѓувреме, размислувајте како до екстра пари. Генерално, добро здравје оваа недела. Ќе биде уште подобро доколку се откажете од некои зависности што ви наштетуваат.

БЛИЗНАЦИ (22 мај – 21 јуни)
Ако бидете во потрага по вистинскиот придружник најверојатно ќе бидете разочарани. Турбулентно време за одржување на мирот и хармонијата во брачниот живот. Треба да бидете поприлагодливи, а помалку посесивни. Дајте се од себе да ја смените оваа лоша навика бидејќи може да се појават големи недоразбирања со вашиот партнер/ка. Треба да бидете многу внимателни во врска со здравствените проблеми. Средовечните и постарите лица треба да бидат дури и повнимателни. Вежби за дишење се од огромна помош.

РАК (22 јуни – 22 јули)
Ќе уживаате со саканите. Сепак, во брачниот живот, елементот на љубовта се чини дека исчезнал. Доколку сте верени, внимавајте да не станете премногу посесивни. Ќе добиете пари од продавање или изнајмување стар имот и ќе бидете во прилично комотна позиција. Потрошете дел од парите за семејството. Останете будни за здравствените проблеми и преземете превентивни мерки веднаш штом ќе забележите нешто невообичаено. Подобрете ја исхраната или започнете фитнес.

ЛАВ (23 јули – 22 август)
Ќе доживеете некои неизвесни моменти во почетокот на една врска што ќе ве стави на мисла. Брачните двојки ќе имаат ситни несогласувања, кои треба да се решат итно пред да прераснат во нешто големо. Финансиско подобрување е пред вас. Добар профитабилен период почнува сега. Ќе бидете подложни на здравствени проблеми. Може да се повредите неочекувано, па бидете внимателни при возење или при користење на остри предмети, како нож во кујната на пример.

ДЕВИЦА (23 август – 22 септември)
Не премногу поволна недела за вас. Оние во врска може да паднат како жртви на сомневања, што доведува до замор во врската. Брачните двојки ќе имаат различни приоритети и нема да успеат да се договорат за сè. Трошење пари за неоправдани нешта и дружење со пријатели кои не можат да бидат многу корисни може скапо да ве чини. Сериозно треба да почнете да размислувате за финансиката сигурност. Средовечните и постарите лица да внимаваат и на симптомите и на вистинските лекови. Другите, пак, да се чуваат од алергиски инфекции и стомачни вируси.

Останатите знаци погледнете ги на наредната страница подолу

error: