Астро

Неделен хороскоп(2-8 јули) – Бикот ќе има подобрувања, Лавот ќе има енергија и виталност

Овен
Планирате подобрување на интериерот во домот, а за тоа ќе очекувате подршка од целото семејство. За жал сите ќе се оправдаат со некои свои обврски, така да на работа ќе мора да се препуштите самите. Не се грижете ќе имате доволно енергија да направите голема работа. Наградата нема да изостани. Ќе ги обновите контактите со некои луѓе и ќе успеете да воспоставите нови релации со личности на кои порано неможевте да му се доближите. Со малку тактичност и дипломатија ќе го постигнете посакуваното.

Бик
Тешкотии во комуникациите ќе имате се помалку. Подобрување очекувајте на секој план. Ќе бидете добро расположени, а добро ќе се снаоѓате со претпоставените. Сеуште може да ве погоди некој мал стрес, но без некоја голема тежина. Добро ви се аспектирани долгорочните планови и големите купо-продажби. Добро би било ако на ова поле посветите повеќе внимание. Амбициозните потфати исто така ќе бидат успешни. Вашите способности, особено кога е во прашање започнување на некој потфат ќе дојдат до израз ако се наоѓате на некое раководно место или ако планирате да започнете нов бизнис. Ако работите во некоја затворена установа ве очекуваат унапредувања.

Близнаци
Потребна ви е голема волја и енергија да вложувате за да можете да ги завршите работите навреме. Многу работа, недоразбирања со колегите и претпоставените ќе бидат главна карактеристика во овој период. Бидете потолеранти и не навлегувате во ситници и непотребни расправии. Не превземајте ништо и едноставно оставете ги работите сами на себе. Ќе бидете многу чуствителни на надворешните влијанија и туѓите мислења. Во една таква состојба лесно можете да се загубите. Некои од вас ќе бидат окупирани со нови идеи. Од некого ќе добиете корисен совет или ќе бидете личност која ќе треба да помогне на другите.

Рак
Ќе бидете во извонредна форма, која мора на секој начин да ја искористите. Ве очекуваат навистина убави и интересни авантури, кои од некоја причина, ќе сакате да ги избегнете. На работното место ќе забележите значителна предност пред вашите соработници. Ќе доминираат вашата оригиналност и висока стручност што ќе ви овозможат да добиете некое признание на кое нема да обрнете некое поголемо внимание. Во комуникациите ќе бидете помалку колебливи, а како ќе се развиваат контактите ќе зависи од вашето однесување.

Останатите знаци погледнете ги на наредната страница подолу

error: