Астро

Неделен хороскоп – 19 до 26 февруари

ОВЕН (21 март – 20 април)

Оваа недела може да ве изненади со неочекувани настани поврзани со кариера или образование на дете. Ако сте вклучени во некој процес поврзан со лекување на дете/младо лице, очекувајте успех или поволен развој. Вести, состаноци и други настани поврзани со личност во знакот на Шкорпија, Рак или Риби ќе ве орасположат. Оособено успешна недела за жените-Овен ако претходно направиле планови и заложби. Предупредување – бидете внимателни во односите со личност во знакот на Бик, Девица или Јарец. Еден од вас двајцата ќе биде измамен од нешто, изманипулиран, или повреден. Бидете претпазливи за било која информација добиена од таква личност.

БИК (21 април – 20 мај)

Многумина од вас ќе ги ценат парите што ќе дојдат од друго место или можноста да патуваат далеку. Поволно време да средите документи или патување поврзани со работа во друг град или држава. Некои од вас може да преземат чекори за префрлување во друго училиште, друга работа или слични други промени. Можно е да отсуствувате од работа од многу важни причини. Настаните поврзани со личност од семејството или професионалната средина ќе бидат основа за ваши најважни планови и активности неделава. Финансиски односи со машко лице.

БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)

Ќе имате успешен развој на работа/во бизнисот со партнери од други градови и земји. Ќе доживеете и успех во увоз/извоз, работата или студирањето во странство и слично. Радост во домот од финансиска добивка, финансиски договор, неочекувани пари. Проблеми ќе искрснат за жените- Близнаци во врска со девојка или млада жена. Младите Близнаци ќе се соочат со авторитарно однесување на дедо, татко или постар брат. Ќе патувате за бизнис/работа и дефинитивно очекувајте успех. Поволна недела да започнете нова работа/проект во друго место или земја.

РАК (21 јуни – 20 јули)

Неделава може да ви донесе причина или поволни околности да купите нешто важно за себе или за домот. Добра вест или порака поврзана со успех, победа, што ќе биде причина за славење во семејството или за ваше лично задоволство. Добри вести за вас или важен телефонски повик од лице кое живее далеку. Поволна недела за продажба на некоја сопственост. Ќе бидете дел од настани поврзани со личност на оној свет, како помен, поделбата на имот, средување документи, пензија и слично. Соништата поврзани со таквата личност ќе ви дадат важни информации за претстоен настан во семејство.

Останатите знаци прочитајте ги на следната страница

error: