Астро

Неделен хороскоп (18 до 24 јуни) – Овенот ќе е романтичен, Лавот ќе нема енергија

Овен
Оваа недела ќе бидете поромантични и подобро расположени. Ако сте во врска тогаш повеќе време ќе поминувате дома. Доколку сте слободни, би требало сепак да излезете од дома, затоа што тешко дека љубовта ќе ви тропне на вратата. Ако се занимавате со приватен бизнис ќе бидете прилично задоволни со можностите што ви се нудат и со исходот на работата. Преку некоја повозрасна женска личност можете да запонете некои работи што одамна ги планирате.

Бик
Комуникативни сте и убаво сте расположени. Слободните ќе имаат добра комуникација и ќе бидат склони кон флерт. Зафатените ќе ја подобрат комуникацијата со партнерот. Можете да одите на некој пократок пат со партнерот, а слободните може само да запознаат некоја интересна личност. Внимавајте да не трошите премногу пари за да не се прашувате каде ќе го потрошите. Дел од заработката оставете настрана. Тое ќе ви биде паметно за подоцна.

Близнаци
Оваа недела ќе бидете мошне задоволни со себе си. Потрудете се да работите колку можете повеќе затоа што се ќе ви се исплати повеќекратно. Немојте да се прејадувате, а ова особено се однесува на десертите. Можни се проблеми со варењето. Што се однесува до партнерските односи ќе уживате без разлика дали сте во врска или во некоја несериозна врска. Потрудете се да не се залетувате да влезете во некоја врска.

Рак
Добро се чувствувате. Немојте да се оптоварувате премногу со другите луѓе, туку гледајте се себе си. Ова е недела за разубавување, за посета на фризер или козметичар. Доколку сакате на некои луѓе да им објавите некои промени поврзани со работата, оваа недела треба да ги искористите добрите аспекти, особено во првата половина од неделата. Добро ќе се чувствувате. Ќе имате доволно енергија за се што сте испланирале. Внесувајте повеќе течности.

Останатите знаци погледнете ги на наредната страница

error: