Астро

Не мисли ни 2 секунди дали да ве откачи ако го изнервирате – тоа е овој хороскопски знак

Oд една страна се многу срамежливи и мирни, а од друга, може да бидат многу ексцентрични и енергични. Ако се прашувавте кој е хороскопскиот знак кој воопшто нема да се замисли дали да ве откачи штом го изнервирате тоа е Водолијата.

Водолиите се претставуваат на два начини: од една страна како срамежливи и мирни, а од друга неверојатно ексцентрични и енергични. И во двата случаи станува збор за длабоки мислители кои сакаат да им помагаат на другите луѓе. Високо интелектуален, овој знак кој го карактеризира независност која совршено е надополнета од интуиција и логика.

И двата вида личности се способни да ги забележат, без предрасуди, и двете страни, што ги прави одлични во решавање на голем број проблеми. Иако многу се прилагодливи на енергијата која ги опкружува, Водолиите имаат длабока потреба да бидат сами и далеку од сè за да може да ја обноват енергијата.

Лицата родени во знакот на Водолија гледаат на светот како место со огромен број можности, дури и онаму каде другите воопшто не го забележуваат тоа.

Водолијата е воздушен знак и како таков го користи умот во секоја прилика. Ако не постои ментална стимулација, нив им е досадно а заради недостатокот од мотивација не постигнуваат резултати какви што навистина би можеле да постигнат.

Уран, планетата владетел на овој знак има срамежлива но понекогаш и агресивна природа која на припадниците на овој знак им дава и визионерски квалитети. Тие се способни да гледаат во иднината и знаат што точно ќе прават за пет или десет години.

Уран е заслужен и за нивните брзи и лесни трансформации, па тие се познати како мислители, прогресивни личности и големи хуманисти. Добро се чувствуваат во група и во заедница, па токму затоа сакаат постојано да бидат опкружени со луѓе.

error: