Астро

НАЈСТАРИОТ ПОЗНАТ ХОРОСКОП: Каква е вашата судбина според годината на раѓање?

Кинескиот хороскоп спаѓа во најстарите познати хороскопи, а неговите зачетоци се уште во далечното минато. Се состои од дванаесет знаци, а во секоја година владее друг знак. Секој од нив поседува одредени карактеристики кои се манифестираат во разни животни ситуации. Погледнете какви сте во љубовта и откријте повеќе за себе и за вашите потреби.

Стаорец (родени во 1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008)
Вие сте страсни, внимателни и отворено ги покажувате вашите чувства. На почетокот од врската сте секогаш полетни, но доколку осетите дека љубовта не ви е возвратена со иста мерка, станувате гневни. Вашиот кинески хороскоп укажува на вашата желба да бидете центар на светот за вашиот партнер, па ако се почувствувате занемарено, станувате ситничави до бесвест. Вам пред се ви е потребно да почувствувате сигурност за да станете внимателни. За тоа е потребно време, но кога ќе го пронајдете оној кој ви ја дава потребната сигурност и љубов, станувате посветен и верен партнер.

Бивол (родени во 1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009)
Нежни сте и отворени кога сте со вистинскиот партнер, а вашата поддршка дава цврста потпора на врската. Важно е да бидете внимателни кога е во прашање изборот на партнер, бидејќи сте многу осетливи и ризикувате да бидете повредени. Од партнерот очекувате да биде праведен, нежен и ентузијаста до одредена мерка – сакате да ви приближи некои нови интереси, но да не ја загрози вашата сигурност. Со негова поддршка, ќе заборавите на сите грижи и ќе уживате. Вашиот кинески хороскоп покажува дека сте толерантни кон саканата личност и дека не ви е тешко да простувате.

Тигар (родени во 1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010)
Вие сте со слободен авантуристички дух и сакате да одите од една врска во друга. Уживате во романтиката и возбудувањата кои ги носи секоја нова љубов, но веќе по првото чувство на заситеност, подготвени сте да ги раширите крилјата и да одлетате на некој друг цвет. Вашиот кинески хороскоп покажува дека ве привлекуваат личности кои што имаат независен авантуристички карактер, баш како и вие. На таквиот партнер искрено му ги покажувате своите чувства, но сепак сте непостојани и изневерувате. Затоа ви е потребен некој кој што е сталожен, прибран и кој што може да го разбере вашиот слободен дух.

Зајак (родени во 1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011)
Од партнерот барате нежност, доверба и сигурност. Верни сте и не сонувате за паралелни врски и љубовни пресврти. Но, доволно е само малку за да почнете да се сомневате во вашиот партнер, а кога тоа ќе се случи, искажете ги вашите сомнежи и ќе видите дека се неосновани. Кога ќе ја пронајдете вистинската личност, љубовта ќе ви биде возвратена со иста мерка, повеќе ќе простувате и ќе бидете помалку сомничави. Вашиот кинески хороскоп зборува дека ви треба повеќе време за да пронајдете сродна душа. Но, кога еднаш во тоа ќе успеете, ќе биде за цел живот.

Змеј (родени во 1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012)
Исклучително сте атрактивни и шармантни, а бројни се и оние кои ги привлекува вашата појава. Влегувате од една во друга романса и тешко ви е да се смирите со една личност. Штом ќе почувствувате слабост кај вашиот партнер, го напуштате и барате нов предизвик. Поради вашата доминантност многумина не успеваат да ве следат. Вие бргу ги заборавате, но немојте да бидете сигурни дека и тие ве заборавиле вас. Вашиот кинески хороскоп укажува на фактот дека ви е потребен некој кој што ќе ви даде повеќе простор, но кој сепак ќе биде активен како и вие, бидејќи единствено таква личност не би била заплашена од вашата сила.

Змија (родени во 1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013)
Многу сте заводливи, а кога ви се допаѓа некој, не се откажувате од желбата да го освоите. Другите ги привлекувате со вашата романтичност и хумор. Но, не сакате туку така да бидете фатени и вешто ги избегнувате љубовните замки. Вашиот кинески хороскоп зборува дека сакате да ја сочувате вашата слобода и да откривате нови видици. Кога сте во врска со личност која навистина ја сакате, станувате многу внимателни, но сепак ви е потребно време за на партнерот да му ги откриете вашите стравови и слабости.

Останатите знаци погледнете ги на наредната страница подолу

error: