Астро

На 2 хороскопски знаци утре ќе им е преку глава од се и ќе сакаат само да одморат

Стрелец

Денес ќе имате чувство дека ве гази времето и ќе се обидувате да работите брзо, за да да завршите со сè она што сте го планирале. Имате голема потреба да ја добиете поддршката од колегите и од соработниците, и поради тоа ќе им направите некои отстапки, кои вообичаено не ги правите.

Финансиите ви се добри, но обрнете внимание како ги распоредувате приливите. Колку и да изгледате попустливо, вие сте многу тврдоглави, и саканата личност полека се откажува од некои свои планови. Партнерот навидум ја прифаќа оваа ситуација, но прашање на време е кога ќе почне да реагира.

Риби

Имавте тежок период и, буквално, плачевте за работа. Сега кога обврските ви се зголемуваат, вам ви е преку глава од сè, и имате потреба да се одморите. Не однесувајте се неодговорно и не дозволувајте конкуренцијата да преземе дел од вашата работа. Не пропуштајте ја можноста за дополнителна заработувачка.

Прифатете ја хонорарната работа која ви се нуди и престанете да приговарате. Сè уште не сте во состојба да се ослободите од чувството на загуба кога размислувате за една личност од вашето минато. Не одговарајте на пораките и обидете се да се дистанцирате. Личноста само си поигрува со вас.

error: