Астро

МОРА ТИЕ ДА СЕ ВО ПРАВО: Хороскопски знаци со најголема суета

Обожаваат да го слушаат сопствениот глас и тие баш секогаш мора да бидат во право. Дури и тогаш – кога не знаат за што зборуваат. Според астролозите, постојат неколку знаци од Зодијакот, кои за себе мислат дека се супериoрни над другите луѓе. Тие цврсто веруваат во својата надмоќ, а како единствена вистина ја прифаќаат само таа што излегува од нивната уста.

Четирите хороскопски знаци со најголема суета се:

Бик

Припадниците на овој ѕвезден знак ги бие глас дека се тврдоглави личности, што не се воопшто празни муабети. Кога станува збор за докажување на нивното знаење и разбирање во сѐ и сешто, тогаш стануваат уште потврдоглави.
Тешко дека ќе признаат кога не се во право, а ќе направат сѐ за луѓето околу себе да ги убедат дека стојат пред сезнајковци. Биковите честопати и имаат солидни знаења, но претпоставуваат дека никој не може да ги надмине по тоа прашање.
Вистина е и дека се мошне интелигентни, но со ароганцијата и несериозното однесување, неретко им оставаат лош впечаток на другите.

 

Лав

Неговото височество – Лавот! Ретко кој знак е толку егоцентричен како него. Луѓето кои се родени во овој знак едноставно обожаваат да си го слушаат сопствениот глас. Очекуваат од другите да заборават на сѐ што знаат, бидејќи тоа е „погрешно“, а да ги слушаат само нив, бидејќи она што тие го кажуваат е единствената вистина (така барем Лавовите мислат).
За разлика од Биковите, Лавовите се повеќе театрални. Уживаат кога се во центарот на вниманието и не поднесуваат кога некој ги прекинува додека зборат, па макар нивните говори траеле и до бескрај.
Тие не знаат за смирена, здрава расправа – мора да победат во сѐ – па дури и кога немаат премногу поим за што зборуваат. Поради тоа, знаат да бидат и мошне смешни.

 

Девица

Кога ќе дојде до расправи, Девиците ќе направат сѐ за нивните аргументи да победат. Затоа, доколку се најдете во таква ситуација, најдобро е да се издигнете над нив и да ги пуштите да мислат дека се во право. Во спротивно, на расправијата ќе ѝ нема крај.
Девиците сакаат многу да зборуваат, но знаат да бидат и прилично ограничени кога се во прашање фактите. Не ја согледуваат и пошироката слика за целата ситуација. Всушност, тие самите себеси се ограничуваат, бидејќи се длабоко уверени дека се секогаш во право, па немаат ниту потреба да ги погледнат нештата на поинаков начин.
Тоа за нив е  е „губење време“. Како и луѓето родени во знакот на Лав, Девиците се исто така многу горделиви. Попрво ќе се борат, ама нема ја прифатат туѓата точка на гледиште.
Склони кон совршенството, па така и самите за себе мислат дека се совршен примерок на човек, односно никој друг не може да биде во право како нив.

 

Стрелец

Припадниците на овој знак се сметаат за најголем светски авторитет за сѐ. Тие се мошне слободоумни и не сакаат кога некој ги ограничува.
Доколку одредена тематика добро ја познаваат, убедени се дека нема подобар од нив. Притоа, не го прифаќаат фактот дека иако поседуваат големо знаење, и понатаму може да научат од некого нешто ново.
Воглавно, ако сакате да избегнете силна главоболка, не почнувајте со Стрелците расправи на теми поврзани со духовноста или патувањата. Во спротивно, ќе зажалите.

error: