Астро

Љубовен неделен хороскоп (18 до 24 јуни) – Бикот ќе заблеска, Шкорпијата ќе е збунета

Овен
Во оваа недела ќе може да се донесат важни одлуки во врска со вашата врска. Сонцето се наоѓа во вашиот сектор на романтиката, што може да предизвика желба во вас да останете подолго време насамо со саканата. За оние од вас кои сè уште не ја нашле љубовта, периодот е погоден за нови познанства.

Бик
Романсата ќе блеска за вас оваа недела! Во неделата Јупитер , кој се наоѓа во секторот на вистинската љубов, ќе биде во совршен агол кон Плутон. Како резултат на тоа, силата на љубовта ќе се проширува. Ќе се поврзете на едно подлабоко духовно ниво со партнерот, а можеби и ќе тргнете на убаво патување.

Близнаци
Полната месечина ќе влијае на вашиот сектор на партнерствата и тоа може да влијае на љубовниот живот. Од друга страна Меркур е напнат и тоа ќе ја направи потешка комуникацијата со партнерот. Не брзајте со заклучоците, бидејќи проценката за ситуациите нема да биде точна.

Рак
Вие сте поживописни од Сонцето и тоа нема да остане незабележано од партнерот. Тоа е затоа што Сонцето ќе влезе во вашиот знак и дефинитивно ќе донесе позитивни емоции во љубовниот живот. Обрнете внимание на важен разговор помеѓу вас и партнерот, кој може да се одржи на крајот на неделата. Тој може да донесе промени во вашиот живот.

Останатите знаци погледнете ги на наредната страница

error: