Астро

Љубовен хороскоп за првиот месец од летото – некој ќе има кратки врски, други ќе ги зацврстат постоечките

Јуни е првиот летен месец, време кога се будат страстите, кога барем дел почнуваат со кратки романтични врски, а други се одлучуваат да ги зацврстат моменталните врски. Па, каква љубовна сезона нè очекува овој јуни?

Овен

Јуни за Овните е во знакот на љубовта. Без разлика на тоа дали сте во врска или не, нема да ја симнувате насмевката од лицето. Ако сте во долга и сериозна врска, овој месец може да биде одлучувачки за вас како пар, бидејќи ќе почнете да се концентрирате на сериозните прашања како брак и проширување на семејството. Не е како да не сте подготвени за тоа! Ако сте сами, поважен ќе ви биде личниот развој од љубовта. Ако одите некаде надвор од земјава, ве очекуваат многу љубовни авантури.

Бик

Овој месец вашата врска ќе биде на проба. Премногу ќе размислувате околу тоа дали оваа врска вреди да ја зачувате, дали навистина уживате со партнерот и дали навистина врската ве исполнува и прави среќни. Додека некои парови ќе „пукнат“ и секој ќе си замине на своја страна, некои ќе „преживеат“ и ќе тргнат на сигурен пат кон сериозна врска која ветува многу. Ако сте слободни, можно е да пронајдете љубов на сосема неочекувано место.

Близнаци

Овој месец ќе зрачите со посебна енергија. Сите очи ќе бидат вперени во вас, а вие ќе привлекувате внимание каде и да се појавите. Затоа, немојте да бидете изненадени ако „сите мажи се редат по вас“, бидејќи никој нема да ви одолее. Истото важи и за спротивниот пол. Ако сте сами, од толку многу додворувачи нема да знаете да го одберете оној вистинскиот. Ако сте во врска, ве очекуваат многу убави моменти со партнерот, а постои можност и да размислувате за одредени посериозни чекори.

Рак

Во текот на овој месец, време е да се релаксирате и препуштите на страстите и емоциите. Тоа дополнително ќе ја „зачини“ вашата врска, а сексуалниот живот ќе ви биде далеку поважен во овој период. Ги имате сите предиспозиции за уживање со партнерот, а тоа многу ќе ви годи после сите професионални обврски. Ако сте слободни, морате малку повеќе да се активирате на поле на љубовта. Само така ќе престанете да се жалите што немате среќа во љубовта.

Останатите знаци погледнете ги на наредната страница подолу

error: