Астро

Љубовен хороскоп: Каква врска ве очекува според датумот на кој започнала?

Овен (21.03-19.04)

Оние кои врската ја започнале за време на владеењето на Овенот, никогаш нема да почуствуват здодевност. Секогаш помеѓу нив ќе постои искра, а решението на сите нивни караници лежи во спалната соба. Пред другите најверојатно оставаат впечаток како да се на работ на раскинување, но нивната врска е толку цврска и ќе ги преживее сите несогласувања и разлики. Помеѓу овие партнери нема лаги, токму искреноста е главниот темел на кој ја градат врската.

Бик (20.04-20.05)

Паровите кои го започнале својот однос за време “владеењето” на Бикот, имаат цврст и стабилен однос. Овие врски успешно одолеваат на сите проблеми, а партнерите еден во друг си пронаоѓаат потпора. Никогаш нема да им недостига нежност и страст. Единствена опасност може да биде тоа што тие премногу се впуштаат во заедничкото уживање со што ги занемаруваат своите блиски луѓе.

Близнаци (21.05-20.06)

Овие партнери, пред се, се добри пријатели и одлични животни опатници. Расположени се за забава и излегување, имаат совршена меѓусебна комуникација, а отсуството на љубомора е уште една предност на оваа врска. Негативна страна е тоа што партнерите премногу навлегуваат во општествениот живот, па затоа постои голема веројатност во иднина да престанат да разменуваат нежности, а нивниот одност можно е да остане само пријателски.

Рак (21.06-22.07)

Оваа врска ќе биде исполнета со љубов и романтика, а партнерите не ќе можат долго да бидат раздвоени. Нив никогаш нема да им недостига нежност и топлина, а и двајцата сакаат големо семејство со многу деца. Лоша страна е преголемата меѓусебна посветеност, бидејќи партнерите не сакаат да одат нигде еден без друг.

Лав (23.07-22.08)

Оваа врска ќе биде полна со драма и страст. Партнерите во еден момент жестоко ќе се расправаат, а во наредниот момент ќе следи страствено помирување, во спалната соба. Романтични изливи на емоции се вообичаена појава. Овие парови настојуваат пред другите да се покажат во најдобро светло, дури и ако дента се во караница.

Девица (23.08-22.09)

Оваа љубовна врска се карактеризира со долговечност и стабилност. Обостраната желба за стабилност партнерите цврсто ја држат заедно, а искрената и отворена комуникација, како и отсуството на жестоки караници се само некои од предностите на оваа врска. Партнерите ќе уживаат во интелектуалните разговори и во гледање на филмови. Сепак, на оваа врска можеби ќе и недостасува страст, бидејќи партнерите не се склони кон искажување на чувствата.

Останатите знаци погледнете ги на наредната страница подолу

error: