Астро

Летен хороскоп за 2018-та: Што ве чека во текот на јуни, јули и август?

Некои во текот на летниот период ги очекува возбудлива акција и многу можности да се покажат и докажат, други пак ги очекува мирен период идеален за релаксација и ослободување од стресот кој се насобрал претходните месеци.

Овен

Летните месеци ќе ви бидат потполно наклонети, само во јуни ќе бидете малку забавени и мирни, но ситуацијата драстично ќе се промени уште во првите денови на јули. Зафатените припадници на овој хороскопски знак после 15-ти јули можат да добијат љубовен или професионален предлог кој нема да можат да го одбијат. Идеално време за одмор е почетокот на август кога ќе бидете полни со ела и ќе посакате цели две недели потполно да се посветите на саканата личност и најблиските.

Бик

Летото е време кога треба потполно да излезете од зоната на комфорот. Посакувате нова работа, нова љубов или било каква друга промена? Сега веќе е време да направите исчекор и голема промена која ќе влијае на вашата иднина. Првите недели на јули ќе ви бидат идеални за одмор за да ги наполните батериите и да ве очекува возбудлив остаток од летото. Една Водолија веќе долго време ја посакува вашата наклонетост, можеби август е месецот кога треба да попуштите и да се препуштите на една летна авантура.

Близнаци

Можеби јуни е вашиот месец, но ова лето токму во овој период ништо нема да успеете да завршите. Поточно, летото вас ќе ви биде исклучиво за одмор, релаксација и собирање на енергија за почетокот на есента кога ве очекуваат важни одлуки и проекти. Кога е љубовта во прашање, август ќе ви биде наклонет, посебно за слободните припадници на овој хороскопски знак. Идеален спој за вас е оној со Лав.

Рак

Летото кое се наоѓа пред вас е идеален период за да се помирите со минатото и сегашноста. Почнете од втората половина на јуни и полека чистете го вашиот живот. Конечно затворете ја вратата на негативните луѓе и дајте и можност на личноста која веќе подолг период ви покажува наклонетост. Мислиме на некоја Скорпија или Близнак. Во август не смеете да ја пропуштите професионалната можност која ќе ви отвори врата и за во странство.

Останатите знаци погледнете ги на наредната страница

error: