Астро

Летен хороскоп: Овие два знаци ги очекува целосен пресврт

Овен

Летните месеци ви се целосно наклонети, единствено во текот на јуни ќе бидете мирни и забавени, но ситуацијата се менува во првите денови на јули. Зафатените припадници по 15-ти јули можеби ќе добијат некоја понуда на љубовен или на бизнис план што тешко ќе можат да ја одбијат. Идеално време за одмор ќе биде на почетокот на август кога ќе бидете полни со елан и ќе сакате на недела или две целосно да се посветите на саканата личност или на драгите луѓе.

Лав

Лавови, знаеме дека сте посебни и дека летните месеци се создадени за вас. Блескате речиси во секоја ситуација, но обидете се ова лето да го споделите со луѓето околу вас. Доколку на било кој начин е можно обидете се да одолеете на искушенијата и бидете верни на саканата личност (ако сте зафатени). Слободните ќе имаат толку прилики (и добри и помалку добри) што ќе им биде тешко да се одлучат. Втората половина на август ќе биде идеална за одмор кога некаде ќе ги сумирате впечатоците од изминатите месеци.

error: