Астро

Кој хороскопски знак ова лето ќе добие сè што ќе посака во љубовта?

Драги Девици, подгответе се за наредните месеци, бидејќи летото ќе биде одличен начин да го освоите спротивниот пол, а и ќе бидете затрупани од жешки понуди.

Во јуни очекувајте сите љубовни врати да ви бидат отворени. Не треба ни да тропнете, бидејќи понудите ќе доаѓаат од сите страни. Зафатените девици може да очекуваат дополнителен набој на страсти во врската.

Јули е посебно поволен за самците, бидејќи тие ќе се забавуваат како никогаш претходно. Сè она што Девиците ќе испланираат на поле љубов, конечно ќе се реализира во текот на месец јули. Имајте предвид дека можно е враќање на стара љубов или остварување на врска со личност која ја знаете подолг период, но со која ништо досега не се случило.

Август е резервиран повторно за страст, а на вас останува да се препуштите на флертот. Секако, паметно бирајте и искористете го секој момент.

error: