Астро

Кој ангел чувар ве чува вас според хороскопскиот знак?

Секој од нас има свој ангел-чувар. Тие што се родени на црковни празници сметаат дека знаат кој е тој. Вистината е дека ангелите и архангелите се тесно поврзани со хороскопските знаци и планетарните енергии во нашиот Сончев систем. Погледнете кое ангелче бдее над вас според хороскопскиот знак:

Ангелот на луѓето родени во знакот на Овен се нарекува Баракиел. Тој им помага на луѓето да се соочуваат полесно со пречките на кои налетуваат во текот на животот, им дава надеж и вера со што ги прави оптимисти.

Ангелот на знакот Бик е Аматиел – покровител на новиот почеток и промени во животот. Дава храброст да се борите за тоа што го сакате, до крај.

Родените во знакот на Близнаци ги штити ангелот Бахрам. Тоа е ангелот на победата. Според легендите, ако се молите на ангелот Бахрам, тој ќе ве направи посилни и ќе ви помогне да ги остварите сите ваши желби.

Чувствителниот Рак, кој има голема потреба од внимание и емоции е под крилата на Дина – агелот што ве штити од злонамерни и бесчувствителни лица, кои можат да го скршат вашето срце.

Ангелот на Лавот се вика Акварел. Тој ги дарува родените во овој знак со духовна мудрост, бистар ум и силна интуиција, што треба да ја слушаат секогаш.

Девиците ги штити ангелот Кадмиел – ангелот на судбината, кој секогаш е подготвен да помогне, доколку го повикате.

Останатите знаци погледнете ги на наредната страница подолу

error: