Астро

Кои ќе бидат вашите доблести и маани како мајка според вашиот хороскопски знак?

Мајчинството, па и самата идеја да се биде мајка, може да биде застрашувачка работа. Некои жени посакуваат да станат мајки, се гледаат или замислуваат себеси како мајки, но замислата и реалноста понекогаш знаат да се разликуваат. Никој не може да замисли што точно го очекува со оваа нова животна улога, но може да претпостави каква мајка ќе биде според својот хороскопски знак:

Овен

Доблести како мајка: Самодоверба, сила и бестрашност

Маани како мајка: Гнев, опсесивност, горделивост и себичност

Начин на кој воспитувате: Вие сте мајка воин и како што пристапувате на сè друго во животот како да е бојно поле, будни и внимателни, такви ќе бидете и како мајка. Пред да ја добиете оваа улога научени сте да бидете независни и самостојни, па на почетокот тешко ќе ви биде на научите дека некоја друга личност зависи од вас, но на крај пак ќе знаете дека сте две одделни личности. Ова и не е така лоша работа, бидејќи вашето дете ќе има слобода за развој. Вие ќе бидете моќен модел и пример за учење кој секогаш е насочен кон своите цели – жена која сака да се најде на врвот.

Бик

Доблести како мајка: Стабилност, упорност и рационално размислување

Маани како мајка: Материјалистички настроени, промени во расположението, суета

Начин на кој воспитувате: Вие се грижите пред сè за безбедноста на вашите деца, а потоа дозволувате забавата да завладее во домот. Понекогаш сте ригидни, но штом ќе бидете сигурни дека сите се сигурни и безбедни, време е за релаксација и уживање. Постои „старомодна“ девојка во секој Бик, па ќе имате неколку правила и стандарди по кој вашите деца ќе мораат да се однесуваат во домот. Најважно, како што вие се грижите за семејниот буџет, така ќе ги научите децата да се грижат за парите. Очекувате да бидете блиски со децата и ќе гледате да бидете нивен пријател пред родител.

Близнаци

Доблести како мајка: Младост, љубопитност, оригиналност и креативност

Маани како мајка: Недоследност, нетрпеливост, недостаток на ограничувања

Начин на кој воспитувате: Да се биде мајка со „бројни личности“ во себе значи дека никогаш нема да бидете здодевни на вашите деца. Вашето семејство никогаш нема да знае, ниту да биде сигурно што ќе направите или кажете следно. Од една страна тоа е добро, бидејќи вашите деца слободно ќе се развиваат, но од друга страна нема да одредите строги правила и стандарди по кои ќе се водат вашите деца и ќе им дадете целосна, понекогаш преголема слобода да бунтуваат на авторитетите.

Рак

Доблести како мајка: Чувствителност, посветеност, комфор

Маани како мајка: Презаштитнички настроени, промени во расположението, љубомора

Начин на кој воспитувате: Како хороскопски знак кој владее на полето на семејството вие сте супериорна мајка, уште од мала возраст сте научиле како да се грижите – за вашите кукли, миленици, пријатели… Така сега знаете како да се грижите за вашето семејство и секогаш целите кон тоа во домот да им биде најудобно на членовите. Но, од друга страна, бидејќи сте премногу заштитнички настроени, понекогаш знаете да бидете и љубоморни и да не им дозволите на вашите деца да ја градат својата независност.

Останатите знаци погледнете ги на наредната страница подолу

error: