Астро

Хороскопски знаци кои немаат среќа со парите, ама имаат во љубовта

Ретко кој има се. Така обично се поделени картите – некому од рака му оди работата и парите доаѓаат сами, а некому му цвета во љубовта и тоа е се што им е потребно. Три хороскопски знаци имаат среќа во љубовта, повеќе и од памет.

Бик
Биковите се среќни добитници во овој круг. Нема да добијат главна премија на Лото, но затоа ќе одберат партнерка за медал. Биковите кои во наталната карта ја имаат Венера во Бик умеат да дадат многу во љубовта, но истовремено ја имаат таа среќа, љубовта често да им биде возвратена. Венера во Бик ја буди сензуалноста, ја зголемува чувствителноста, чувството на допир, чувството на вкус, чувството за мирис, стануваат посилни. Пролетта е пред нас, па слободните Бикови нека се радуваат затоа што љубовта е во воздухот.

Девица
Оние кои вечно анализираат и ве гледаат под око се пример дека имаат повеќе љубов, од памет. Што е финтата со Девиците? Нивната од време на време молчаливост и повлеченост ги привлекува потенцијалните партнери како пеперутки на цвеќе. Мистериозни се и често студени како боза. Не постои таков ретрограден Меркур кој ќе го “зезне” емотивниот дел на Девицата. Можеби таа нема да биде заљубена, но во нејзе некој ќе биде. Бидејќи се големи критичари, Девиците сакаат да бираат и многу да го анализираат партнерот пред да биде во нивните раце, но кога ќе падне – им нема спас.

Скорпија
На Скорпиите на чело им пишува – жив оган, внимавај да не се изгориш. Тука нема некои дилеми, ако не ја “муваат”нејзе, таа тоа ќе го направи додека да кажете кекс. Таа знае како да ти се насмее, како да се намести и што да ти каже за да те освои. Таа сите пари кои ги има, ќе ги фрли на маса, ќе остане без денар, но на крајот на денот не може да живее без емоции. Затоа ѕвездите ги наградиле Скорпиите – можеби до крајот на месецот ќе живее со помалку пари, но затоа ќе живее од љубов и страст.

error: