Астро

ГОЛЕМ месечен хороскоп за ЈУЛИ 2018 година

Овен

Љубов – Вашиот емотивен живот може да се подели на два дела – периодот до крајот на вториот дел од месецот ќе го одбележи вашата несигурност, оптеретеност со семејните и љубовните односи, слабата енергија и склоноста да се повлекувате секогаш кога ќе наидат проблеми. Емотивниот партнер е во подобра позиција од вас. Доколку сте слободни, одличен месец за летна љубов и авантура. Со вашата појава и енергија лесно ќе ги привлечете погледите на спротивниот пол.

Работа – Во текот на првиот дел од јули, Овновите ќе мораат да бидат повнимателни кога станува збор за работата. Полната Месечина може на површина да извлече несогласувања, особено со надредените и авторитетите. Вашите живци се прилично тенки, а трпението дојде до крајните граници. До крајот на другата половина на месецот ќе бидете доста оптеретени и ќе ви бидат присутни обврските. После тоа, ќе влезете во енергетски и мисловно просперитетен период.

Здравје – И физички и ментално сте исцрпени. Потребен ви е одмор.

Бик


Љубов
 – Нагласениот знак на Рак, особено кога Марс ќе владее со вашите партнерски односи, се наоѓа во овој знак до крајот на јули, па во вашите емотивни и брачни партнерства ќе имате прилично турбулентен период. Вие ќе бидете „лесни на јазик“, а партнерот вашите замерки и начинот на комуникација може да ги доживее прилично оптеретувачки, па ќе одговара на вашиот притисок. Можна е поголема љубомора и посесивност.

Работа – Вашиот владетел во текот на цел јули ќе транзитира низ полето кое се поврзува со работата, но и ги претставува вашите финансии. Енергијата во знакот на Близнаци ќе ви даде предност и добри можности кога станува збор за комуникацијата, преговорите со партнерите и договорите. Од време на време полето на комуникации ќе ви биде нагласено со транзитирањето на Марс, па ќе ви донесе несогласувања со соработниците и шефовите.

Здравје – Во текот на јули може да дојде до подобрување на здравствениот сегмент.

Близнаци

Љубов – Венера во текот на јули ќе се најде во вашиот знак и поле на личноста, што и тоа како може позитивно да влијае врз вашите емотивни и брачни релации. Можеби работите сега не ви се најдобри, бидејќи е прилично комплициран овој период за вас, но пред вас се денови кога можете многу да направите за односот со саканата личност.

Работа
 – Во овој месец влегувате во прилично неповолна и комплицирана работна и финансиска ситуација. Но, немате причини за очајување и загриженост – веќе од крајот на првата недела од јули работите ќе започнат да се случуваат со брзо темпо. Влегувањето на вашиот владетел Меркур во полето на комуникацијата и договорите, ќе се отворат нови бизнис преговори, ќе ви дадат побрза енергија, а ако сте невработени – време е да започнете да барате работа.

Здравје – Важно е да се движите, бидејќи физичката активност позитивно влијае врз организмот.

Рак

Љубов – Првата половина од месец јули нема да биде најповолна и нема добро да влијае врз односот со емотивниот или брачниот партнер. Полната месечина во полето на партнерски односи во текот на првата декада од месецот може да само дополнително да ја влоши ситуацијата и да направи и кај вас и кај вашата сакана личност посилно да се активира љубомората, посесивноста и сомнителноста. Вашето расположение ќе биде на прилично лошо ниво, а некои од вас ќе сакаат промена во животот.

Работа – Поголемиот дел од месецот ќе биде одбележан со борба и интензивни ситуации во работниот сегмент. Обрнете внимание на периодот околу полната Месечина, бидејќи токму во овој период ќе можете да бидете под силен притисок и да направите некој импулсивен потег кој може да ви се одбие од главата. Поголемата поддршка од другите ќе ви донесе многу подобри резултати, а состаноците и преговорите ќе ви отворат пат кон подобри резултати и проекти.

Здравје – Внимавајте како се храните.

Останатите знаци погледнете ги на наредната страница подолу

error: