Астро

Дневен хороскоп за 30.05, Среда – Ракот ќе се разочара, Вагата ќе има финансиска добивка

Овен
Нервната раздразливост е последица на неспособноста да мислите со сопствената глава. Се што сте планирале паѓа во вода, па имате чувство дека сте изложени на планетарни влијанија. Потрудете се да не носите важни одлуки, спасот пронајдете го во хобито. Ќе загубите некој драг пријател.

Бик
Не се принудувајте да ги надминете човечките граници. Вашиот перфекционизам може да излезе од контрола и надополнет со вашата нестрпливост да направи „убиствена“ комбинација. Сакате да постигнете толку многу, во толку малку време. Опуштете се и оставете барем за момент работите да се движат без вашата прекумерна контрола.

Близнаци
Денес преземете ја иницијативата, било да станува збор за вежбањето или за работата. Не очекувајте дека вашето тело само ќе се доведе во топ форма, ниту дека вашата сметка магично ќе се наполни со парични средства. Бидете активни и променете ги навиките што ги имате. Направете си го секојдневието подинамично.

Рак
Ситуацијата бара приспособување, а тоа ви оди тешко. Сакате да постигнете максимум со минимално вложување, но тоа е невозможно, разочарувањето е неминовно. Нерасчистените работи од минатото посебно ве нервираат, требаше претходно да се подготвите.

Останатите знаци погледнете ги на наредната страница подолу

error: