Астро

Дневен хороскоп за 28.05, Понеделник – За Лавот доаѓаат петте минути, Близнаците ќе ја поправат ситуацијата

Овен

Напнати сте кога станува збор за случувањата на работа, особено ако чекате некое решение. Опкружени сте со лица кои добро ве разбираат и кои ви даваат корисни совети, што особено се однесува на блиските роднини. Младите членови на вашето семејство се однесуваат бунтовно. Вашето здравје е добро.

Бик

Не ги игнорирајте важните работи, особено ако се поврзани со правни прашања. Некоја жена од вашата околина се обидува да ги заштити вашите интереси. Ситуацијата во вашиот дом станува прилично заморна и полна со наталожено незадоволство. Мали проблеми со здравјето.

Близнаци

Деловната ситуација се поправа благодарение на вонредните околности, среќата и ненадејните добивки, можно преку партнерот. Имате прилика да си го наплатите долгот. Во љубовта сте полни со недоверба и можеби претерано сомнителни, само врз основа на непроверени вести. Можна е забоболка.

Рак

Не се потпирајте на вестите кои ги добивате од соработниците, најдобро е сами да се информирате за она што ве интересира, особено ако станува збор за работа поврзана со некој Овен. Еден Бик ви поставува речиси невозможни барања. Планирате заедничко патување со партнерот. Добро се чувствувате.

Останатите знаци погледнете ги на наредната страница

error: